Влатко Стефановски e роден во Прилеп во 1957 година. Тој е признат и познат македонски гитарист, основач на Влатко Стефановски Трио и еден од основачите на македонската етно група Леб и сол.
Влатко е роден во кругот на една типично театарска фамилија. Неговите родители како уметници често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населба Тафталиџе (улица „Мексичка“). Заедно со Бодан Арсовски (со кого во 1990 година го издал првиот македонски компакт диск, музика за рок-балетот „Зодијак“), Стефановски членувал во неколку скопски групи, меѓу кои најзабележителни се ВИС Јегуље, Ирис и Брег (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски).
Дискографија:
Cowboys & Indians (1994)
Сарајево (1996)
Gipsy Magic (1997)
Крушево (Мирослав Тадиќ 1998)
V. S. Trio (1998)
Live in Belgrade (Мирослав Тадиќ 2000)
Кино Култура (2001)
Кула од Карти (2003)
Трета Мајка (Мирослав Тадиќ 2004)
Thunder From The Blue Sky (Јан Акермен, Демир Имери 2008)
Сеир (2014)
Филмографија:
Шмекер (режија: Зоран Амар, 1985. југословенски)
За срећу је потребно троје (Рајко Грлиќ, 1986. југословенски)
Заборављени (Дарко Бајиќ, 1989. југословенски)
Клопка (Суада Капиќ, 1990. југословенски)
Почетни ударац (Дарко Бајиќ, 1991. југословенски)
Suicide guide (Ербил Алтанај, 1996. македонски)
Небо гори модро (Јуре Первање, 1996. словенeчки)
Gipsy magic (Столе Попов, 1997. македонски)
3 summer days (Мирјана Вукомановиќ, 1997. југословенски)
Journey to the sun (Yesim Ustaoglu, 1998. турски)
Skyhook (Љубиша Самарџиќ, 2000. југословенски)
Серафин, светионичарев син (Вицко Руњиќ, 2002. хрватски)
Балет:
Зодијак (Бодан Арсовски 1990)
Вакум (1996)
Дабова Шума (1998)
Коментирај