Непознат автор: „Петко Велкоски“

Владо Малевски – Дале: „Спас“

СПАС


(Скратен запис на Владо Малевски од зборникот „Чланци на активностите на југословенското револуционерно работничко движење – Воени сеќавања)

1971 година
Списание „Фронт“

На вратата се појави бугарски агент…

- Петко Велков!

- Јас сум. Што сакаш од мене?

- Појди со мене.

Во коридорот на командата, на клупата во аголот, го наѕре својот другар Орде Кабац.

Петко и Орде, другари од детство, чекорат низ Прилеп врзани со синџири еден за друг.

Во првата полициска станица им се придружуваат уште двајца. Наскоро беа во коњушница преполна со луѓе и коњски измет.

Еве ви убава куќа се подбива бугарскиот стражар.

Ден и ноќ, а потоа мачење, ќотек.

Четвртиот ден – ден на посета. Ги обиколува директорот Козаров и професионалниот разбојник, командантот на прилепскиот гарнизон Куцаров.

- Дали имате вода, храна? Каква иронија!

- „Не не праша за добро“, мисли Петко.

Во коњушницата се 13 дабничани и 7 прилепчани. Потпоручникот Куцаров измислува приказна:

- Во една пештера се заробени партизани, вие сигурно ќе ги препознаете. Потребни ни се нивните имиња. Ако не ги кажете, ќе бидете стрелани.

А ако наидеме на партизани, ќе наредам да летнете, а вие таа наредба морате да ја извршите. Дали разбравте?

Тишина. Никој не одговорува.

Ноќта го грабна Прилеп во својата прегратка. Дваесет луѓе одат врзани по патот за Дабница.

Темница. Ноќта бавно врви. А потоа ненадејно одекнува гласот на Куцаров:

- Легнувај!

- На сите им е јасно дека не одат в пештера. Куцаровата измама успеа.

- Војско, напред!

Војниците трчаат пред полегнатите затвореници.

- Пукај! – весело вика бугарскиот џелат.

Брза стрелба и… тишина.

Петко Велковски е ранет. Со сета сила се напрегнува да не се издаде. Го фрлаат на купот со мртвите.

Куцаров наредува ранетите да се дотолчат со ножеви. Го прободуваат Петка во вратот. Но тој трпи. Во прегратка со другарите целиот е облиен со крв.

- Смрт на фашизмот – сло… – се задушува Орце.

- Ние ќе победиме.

- Да живее слободна Македонија – викна и замолкна Сотка.

Некој се преврте.

Еден е уште жив. Убиј го!

Потоа пребројување:

седум, осум… шеснаесет… осумнаесет, деветнаесет… каде е уште еден – беснее Куцаров.

- Побегнал.

Еден успеа да се одврзе и за време на пукањето да побегне.

Петко наѕира под телата на своите другари. Десно од патот тече Дабничка река. Чувствува силна болка на вратот. Бавно се извлекува и се фрла низ десетина метри висок брег.

Уште еден побегна – го слуша викањето на стражарот зад себе.

Но, неуморно трча. Веќе е на другиот брег. Може мирно да здивне.

Конечно е спасен.

Владо Малевски – Дале

Нема Коментари

Коментирај