Владимир Иванов Љутвиев

Владимир Љутвиев

Владимир Иванов Љутвиев е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Владимир Љутвиев е роден во Прилеп. Учел во бугарската машка гимназија во Солун, каде што заедно со Тодор Станков и Александар Хаџипанов се вклучил во ВМРО. Не успеал да биде назначен за учител во Прилеп и примал 200 лири од татка си, за да се занимава со трговија на кожи во Софија. Наместо тоа, тој се поврзал со Гоце Делчев, Христо Клисуров и Атанас Мурџев и участвувал во револуционерните кружоци. Личните средства ги вложувал во работилницата за бомби во Саблјар. Влегол во создадената чета на Гоце Делчев за каиднапирањето на турски бегови и барањето на откуп за нив. За време на акцијата тешко заболел и извесен период поминал во Софија и Ќустендил.

Умрел од болеста во 1897 година во Прилеп.

Негов помал брат е Атанас Љутвиев, а најмалиот е Илија Љутвиев, кој бил убиен во дворот на Солунската гимназија во 1912 година од грчките власти.

Нема Коментари

Коментирај