Владимир Јорданов бил сликар-декоратер.
Роден е во Прилеп, а уметничка академија завршил во Софија. Во Прилеп творел кус период, а потоа заминал да живее и твори во Бургас. Работел како театарски сликар-декоратер. Творел во периодот по Првата светска војна. „Портретот на баба Цона“ е едно од неговите ретко сочувани дела.
Коментирај