Влачари
Првите машини за влачење на волна во Прилеп биле донесени во триесеттите години од минатиот век. Тоа го направиле семејството на Ќорвезировци. Во својот погон тие монтирале и предилница со 240 вретена на моторен погон. Потоа биле донесени и повеќе машини за влачење, кои работеле на електричен погон, во вид на занаетчиски работилници.
Коментирај