ВИС „Пет мучачоси“

ВИС „Пет мучачоси“

ПЕТМИНАТА МУЧАЧОСИ

БИМИЈАГО, AMЈАЗО, ПЕТМИНА МУЧАЧОСИ – ИСТОРИЈАТА НА ПРИЛЕПСКАТА ЗАБАВНА МУЗИКА.
ДАЛЕЧНИТЕ ШЕЕСЕТТИ И ВРЕМЕТО НА ДУВАЧКИТЕ CEKЦИИ.
ОД ТАПАНИТЕ COCTABEНИ ОД СТОЛИЦИ, ДО СОВРЕМЕНИ УДИРАЛКИ.

1992 година
„Народен глас“

  Од шеесеттите години во Прилеп, речиси за прв пат започнува забавната музика.
Една група, Стеван Јашароски – Јашаро, Панче Патоски – Патата, Кире Кузманоски – Окцето, Борис Богески – Бората и Александар Талески – Џепето што си се нарекла “Пет мучачоси”, ја создавала историјата на прилепската забавна сцена.

И не без причина…
Гостите на “Вечерта на ветерани” беа воодушевени од нивниот настап. Музика блиска до срцето. И најголем аплауз – се разбира. Без разбирање и потреба од размислување. Само чувствување. А музиката во тоа време се свирела така. Без компјутеризирани клавијатури, Дваесет и четириканални миксети и озвучување, со еден гломазен микрофон, со барабанчето ставено на столица и со душа.
Во тоа време музичари можеле да бидат само музичарите. Никој друг. Немало РАП. Групата е единствена што ја преживеала долгата прилепска зима.
Луѓето се менувале и конечната верзија е оваа. Славе Антовски, Бората, Окцето, Кире Јосифоски и Јане Кузманоски.
Можеме да ги чуеме на семејните веселби низ нашиов град, на матурските и другарските вечери. Игранки и матинеа повеќе нема. Не се тие виновни. Сега свират народна музика. Пак од душата. Пак одекнуваат трубата и саксафонот. Истите оние што ги пленувале срцата на младите прилепчанки во шеесеттите, седумдесеттите, осумдесеттите години од овој век. Пак некоја средновечна Дама ќе ги погледни скришно старите мајстори фатена за орото и ќе си рече… Минало времето, сме остареле…

На фотографијата ќе ги видите и Чоки и Робе. Ги нема Кире и Јане. Времето минува, се менуваат и членовите. Славе вели и нас за некое време некој ќе не смени. Мучачосите остануваат, сега пет, па шест и којзнае до кога. Во право е Славе, но јас верувам дека уште долго ќе ја растргнува хармониката…
И да завршиме со оваа серија на написи за прилепската рок носталгија.
За денешната рок музика нека пишуваат следните генерации. Да не му дозволиме да имаат само НАРОДНА рокносталгија…

Сашо Ацески – Цик

Нема Коментари

Коментирај