Панорама на Вепрчани.

Вепрчани

Вепрчани во 19 век било село во Прилепската каза, Мариовска нахија на Османлиската империја.

Селото е расположено на северната страна во прилепскиот дел на областа Мариово. Вепрчани е ридско село, на надморска височина од 800 метри. Од Прилеп е оддалечено 34 километри. Има голем атар, којшто зафаќа простор од 29,2 км2. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Во „Етнографијата на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е приложена статистиката на машкото население од 1873 година, Вепрчани (Запърчани, Zaprtchani) е посочено како село со 49 домаќинства и 232 жители „Бугари“.

Според статистиката на Васил К‘нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Вепрчани има 520 жители, сите „Бугари“ христијани.

Во почетокот на 20 век, населението во селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вепрчани имало 384 „Бугари“ егзархисти и работело бугарско училиште.

Според Георги Трајчев, Вепрчани имало 64 куќи со 520 жители „Бугари“.

Во 1961 година, селото броело 367 жители, додека во 1994 година бројот се намалил само на 18 жители – Македонци. Според пописот од 2002 година, селото броело само 10 жители, сите Македонци.

Во Вепрчани е роден Илија Настев, револуционер и деец на ВМОРО. Во Вепрчани се убиени Никола Пешков и Ѓорѓија Лажот.

Во Вепрчани има три цркви: Црква „Вознесение Христово“, црква „Света Богородица“ и црква „Свети Димитриј“ – манастирска црква од средновековието. Во околината на селото се наоѓаат археолошките наоѓалишта: „Вирои“ – средновековна населба; „Завир–Среден Брег“ – населба од римското време; „Селска црква“ – осамен наод од римското време; „Солишта–Пазалка“ – некропола од хеленистичкото и римското време и „Сламите“ – локалитет од железно време.

Нема Коментари

Коментирај