Венда Темелкоска

Венда Темелкоска

Венда Николова Темелкоска(подоцна Христова) е родена во 1924 година во Прилеп.

Пред окупацијата работела како тутунска работничка во прилепскиот Монопол, каде што се вклучила во напредното работничко движење. Во 1941 година била избрана за секретар на младинското раководство во Монополот. Собирала народна помош и активно работела во подготовките за формирање на првиот Прилепски партизански одред. Вечерта, спроти 11 октомври 1941 година, во месноста Црвени Стени, учествувала во формирањето на Прилепскиот партизански одред, а на 23 октомври со други 33 партизани учествувала во формирањето на партизанскиот одред „Гоце Делчев“.

На 25 ноември 1941 година во судскиот процес на воениот суд во Битола, била осудена на 12 години и 6 месеци за организирање на вооружен напад на 11 октомври 1941 година.

По зимското распуштање на одредот, Венда Темелкоска заедно со Киро Крстески – Платник, Ѓоре Велкоски – Стрелката, Илија Игески – Цветан, Ордан Михајлоски – Оцка, Јоска Орданоски – Сандански и Мара јосифоска – Ѓурѓа заминуваат како илегалци во Битола. Во април 1942 година Венда се приклучува во битолскиот партизански одред „Пелистер“. При разбивањето на одредот на 3 мај 1942 година во Лавчанска корија (Битолско), Венда е ранета и заробена од бугарската полиција. Од бугарскиот воен суд во Скопје е осудена на 15 години строг затвор. Казната ја издржувала во скопскиот затвор а од јануари 1944 година е префрлена во затворот во Стара Загора. По капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември е ослободена и веднаш пристапила во единиците на НОВ и ПОМ. Во 1944 година на вториот состанок на Обласниот комитет на СКОЈ одржан во Битола, заедно со Фана Кочоска и Ратка Чаловска стануваат членови на Обласниот комитет на СКОЈ. Истата година Венда Темелкоска е избрана за секретар на Народноослободителен младински сојуз на Македонија (НОМСМ).

„ВРСКАТА МИ БЕШЕ ПРЕКИНАТА“
Јануари 1984 година, списание „Просветна жена“

„Од овој мој илегален период најтежок момент ми беше кога излегов од затворот… За време на илегалниот период од битолските села се префрлив во Битола. Таму живеев кaj тетка ми Нушка, во истата куќа каде што живееше и бугарскиот полициски началник. Врската ми беше Фана шивачка која дoaѓaшe кaj тетка Нушка божем по работа. Таа секогаш со себе носеше една бовчичка.

Така, во април 1942 за време на масовните апсења во Битола, едно утро повторно дojдe Фана кaj нас. Полицискиот Началник ja препозна а за да бидеме посомнителни придонесе и тоа што веднаш по неа дojдe и мajкa и за да ja бара па оттука и двете не одведоа во затвор.

Мене неколку дена ме испрашуваа и тормозеа. Што имам jac со Фана, таа е бандит, опасна е итн. А jac кажував дека ja познавам само како шивачка и ништо повеќе не знам. Откако ме пуштија, а Фана ja задржаа, се вратив пак кaj тетка ми Нушка.

Врската ми беше прекината… Каде сега?

Во комшиите живееја браќата Анести и Лазо. На Анести му реков да ме поврзе со Лазо. Се догооворивме утре да дojдe нeкoj кaj тетка ми Нушка и да бара аван, така jac ќе знам дека врската е воспоставена. На другиот ден утрината низ прозорот со тетка Нушка видовме дека кaj Лазевци има блокада. Морници ни минаа по телото. Сега ќе бидам oткриена…

Но, подоцна дojдe жена му на Лазо и побара аван. Тоа со пoлицијата било нешто друго. Барале некој бугарски војник. Ноќта веќе бев со човекот- врска со кого заминав кон нашиот одред. Одиме така а веќе се раздени. Врската ме одведе во една куќа каде што имаше тpojцa илегалци, меѓу кои беше и Стив Наумов. Toj ми даде и едно писмо за одредот и така ние потоа продолживме.

Од затворот до мojaтa средба со одредот минаа пет – шест дена… Тоа време за мене беше тешко и мачно, така што постојано бев во неизвесност. Кога веќе стасав во ПО „Пелистер“ помислив дека другарите ќе се израдуваат и ќе се избакнеме, а тие ме пречекаа студено но откако им ja предадов пораката од Стив дури тогаш ме прифатија.

„САМО ВИДИ МЕ И ПОТОА УБИЈ МЕ“

Венда била среќна тука, затоа што се нашла меѓу своите и бидeiќи ce подготвувaлe да го дочекаат Први мај. Борците запалиле и оган на кој печеле јарe што им го донеле селаните. Лавчанската корија светнала од огинот. Mинувајќи под неа, една бугарска патрола од само двајца полицajци се качила угоре да види што се запалило. Така дошле близу до одредот и откако виделе дека сме партизани, избегале.

- Ние ги забележавме бугарските полицајци и организиравме потера по нив но не ги стасавме…

Цели два дена се бркавме и одеднаш се најдовме опколени. Тие беа побројни и не гонеа моторизирано. Фативме позиција и борбата почна. Гради во гради. Зад една грмушка се најдовме јас, Мара Jосифоска и Јоска Орданоски. Понатаму 6еа Елпида Караманди и другите борци. Имавме малку куршуми. Мораше да се внимава. Одеднаш слушнавме дека Елпида застенка од болки…

Ја ранија…!

Потоа мене и мене ме ранија. Бол не почувствував, само ми беше жешко… Другарот Јоска ми ја поткрена главата да види колку и каде сум ранета и во тој момент видов како го погоди куршум во слепоочницата…
По едно време во таа пукотница Мара, која беше зад мене, ми викна:

-Вендо, сврти се и види ме, убиj ме те молам…

Кога се завртив ја видов беше целата изрешетана. По малку време легна врз мене и така остана. Пукотниците подзапреа и борбата престана. Бевме поразени а многумина од нас беа убиени. Дали некој се спаси? Тешко…

Бугарите започнаа да ни се приближуваат. Со кундаци не удираа и не бодеа со бајонети. На две места бев ранета со куршум пред тоа, а сега и тие петпати ме прободеа. И се уште не бев свесна дека сум ранета. Мислев дека сум толку многу сум облеана со крвта од Мара.

Потоа не собраа во еден камион. Сите мртви и јас меѓу нив…

Тоа се случило на З мај 1942 година во судирот со бугарската полициja, во Лавчанската Kорија…

Венда била заробена. Потоа од скопскиот ВПС била осудена на 15 години строг затвор. Казната ja издржувала во Скопскиот, а од јануари 1944 година во затворот во Стара Загора, Бугарија, заедно со многу други другарки. По кaпитулaцијата на Бугарија на 9 септември 1944 година, била ослободена и веднаш стапила во единиците на НОВ и ПОМ. Наскоро била повлечена за работа во заднината и избрана за секретар на Околискиот комитет на НОМСМ за Прилепско.

Шеесетгодишниот јубилеј го пречекува како носител нз Партизанска споменица 1941, и на други одликувања.“

Нема Коментари

Коментирај