Интервју со Василе Димески во „Просветен работник“
26 ноември 1982 година
ТВОРЕШТВОТО Е ЗАОКРУЖЕНА ЦЕЛИНА
Неодамна во издание на НИО „Студентски эбор’“ се појави книгата песни „Бакарни ѕвона“ од Василе Димески. Тоа беше и повод за разговорот што го поведовме со авторот на книгата.
Инаку Димески веќе неколку години е вработен како професор по македонски јазик и литература ратура во ЕМУЦ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.
- Дали работното време ви овозможува услови за творечка дејност?
-Професијата ми овозможува континуирана средба со она што го сакам и негувам, но тоа не значи дека се создадени услови за сопствена творечка работа. Сепак меѓу нив постои некакво заемно надополнување и осознавање. Меѓутоа, би напоменал дека и како професор и како автор ми одмогнуваат некои нерешени прашања од областа на образованието а во врска со статутот на наставниците по македонски јазик и литература. Исто така овој наставен предмет од посебен опшествен интерес се уште го нема потребниот фонд на часови.
-Како професор и поет како ја преточувате пред учениците литературата на другите автори?
- И како професор и како автор чувствувам потреба од нови сознанија. Подеднакво настојувам да откривам нови светови и кај авторите застапени во програмата и кај оние кои го привлекуваат мојот интерес надвор од неа. Неправилно и неоправдано би било она што сум го стекнал да го зачувам за себе. Затоа користејќи се со законите и принципите на методиката, правам напори колку што е можно повеќе, литературното дело да им го приближам на учениците.
-Од вашите први песни на страниците од литературната периодика, до појавата на книгата „Бакарни ѕвона“ изминат е прилично долг временски период. На што се должи повеќегодишното молчење?
- Мојот личен афинитет кон литературата присутен е многу одамна. Како член на литературната дружина во училиштето ги стекнав првите посериозни соэнанија за големината и вредностите на самиот творечки чин. Подоцна, со започнувањето на студиите настапи и мојата трајна определба кон литературното создавање. Члнувањето во Студентскиот литературен клуб „Мугри’“ и Градскиот литературен клуб „Кочо Рацин“, беше потврда за нагласениот интерес и желбата, користејќи ја уметничката творба да го отсликам својот внатрешен свет. Повлекувањето од периодиката и од јавните настапи го сметам за сосема природна појава, особено ако истото е во знакот на себепронајдувањето и создавање на услови за творечка самостојност. Воедно сметам дека тоа е знак на одмереноста и самокритичноста кои наоѓаат свое адекватно место покрај споменатиот поетски израз.
- Книгата „Бакарни ѕвона“ посветена е на личност со непознат идентнтет за читателите. Кој се крие зад иницијалите на професорката Б.М. и каква е нејзината улога во вашето поетско творештво?
- Станува збор за личност со висока морална вредност и богата култура. Длабоко ја почитувам и поради несомнено големото разбиран.е што го покажува за луѓето. Нејзината улога во моето и поетско творештво е голема и се содржи во несебичната морална поддршка изразена во моментите кога таа ми била најмногу потребна. На овој начин и ја изразувам мојата благодарност и почит.
- Добитник сте на некои републички и сојузни награди за поезија. Какво е нивното заначење за вас?
- Истите ми имаат помогнато во моментите на сопственото преиспитување и себеизнаоѓање. Тие се скромна потврда на мојот творечки идентитет, особено поради фактот што се освоени на аномини конкурси.
- Кон основни мотиви се застапени во „Бакарни ѕвона“ и на што работите сега?
- Според мотивите, песните во оваа книга се мошне разнородни. Сепак сметам дека самиот творечкни пристап ги обединува во една заокружена целина. И понатаму мојата основна преокупација е поезијата. Дефинитивно ослободувајќи се од „Бакарни ѕвона“, работам на нова книга песни.
К.М
Коментирај