Василе Десоски
Оcновачот на „Фотo Зрак“, Василе Десоски, роден е во Прилеп во 1912 година. На 9-годишна возраст останал без татко, заедно со неговите браќа и сестри. За да згрижи на некој начин барем едно од децата, неговата мајка Анастазија го однесла во Богословија во Битола, каде не го примиле. Барајќи решение, неговиот вујко го однел кај тогашниот фотограф во Прилеп – Јоска за да чиракува и да го изучува фотографскиот занает.
По неколку години, во 1935 година, го положил мајсторскиот испит, а во 1936 година го отворил својот прв самостоен дуќан, под името „Фото Зрак“.
Со својот фотоапарат ги овековекувал скоро сите поважни случувања во тоа време, меѓу кои и штрајкот на монополските работници во Прилеп во 1936 година.
За време на војната ги овековекувал случувањата во градот, изработил 1000 фотографии од другарот Тито за потребите на отпорот, заради што завршил во логор во Чучулигово, заедно со повеќе Прилепчани со напредни идеи.
По војната, напредокот на Прилеп останал забележан од неговиот фото објектив. Неговата работа ја наследуваат неговите синови – Стеван и Слободан, а посебно најмалиот Мате, кој ја продолжил семејната традиција и ја вовел фотографијата во боја. По годините на оформување на семејството, Мате го наследува синот Александар, кој дипломирал на Универзитетот за Фотографија во Њујорк – САД, како и зетот Пеце, кои и понатаму ја развиваат фотографската дејност, внесувајќи ги сите новитети.
На среќата на дедото Василе и немаше крај, кога и ќерката на Мате – Веселинка, отвори свој сопствен фотографски дуќан „Фото Зрак 2“, што беше последното нешто што го дочека.
Василе Десоски почина во 85-тата година од животот. Не дочека да го види новото дигитално фото-студио, кое го опремија неговиот син, внукот и зетот. Фотографијата стана неодминлива професија во семејството на Василе Сликарот. Со фотографија се занимаваат и неговиот син Стеван, заедно со синовите Василе и Димитар – „Фото Десо“ во Скопје, како и синот Слободан во Прилеп.
„Фото Зрак“ од 1953 година се наоѓа на истата локација во центарот на Прилеп, во приземјето на семејната куќа, позади автобуската станица.
Преземено од : www.fotozrak.com.mk
ediveRardjavE August 7, 2012
Всем привет! Хотел похвалить Ваш сайт. Мне здесь очень понравилось.