Васил Мончев е роден 1847 година во Прилеп, каде што работел како учител и книжар.
Со формирањето на Револуционерната организација станува еден од нејзините први членови.
Желбата за подобар живот го донела со неговото семејство во Солун каде што работел како анџија.
Неговите анови Бошњакан и “Вардар” станале седиште на Револуционерната организација.
Гевгелискиот раководител на Организацијата, Илија Докторов напишал за Васил Мончев:
„Главно свртилиште на револуционерите во Солун беа Бошњакан, чиј содржател беше Васил Мончев, најдоверливото лице на Централниот комитет и неговите помошници. Тој беше лицето, што ги договараше состаноците, во својот Бошњакан, меѓу дојдените од првинциските градови по истакнати дејци со членовите на Централниот комитет.„
Тодор Попадамов пишува за Васил Мончев:
„Уште како млад, тој се истакна како многу буден и интелигентен граѓанин и вема живо учество во борбите за духовно воздигнување во Прилеп и прилепско. Во Солун тој е во првите редови на борците за политичка слобода на Македонија.“
По Мелничкото востание, дошло до раздвижување на османлиската војска и жандармерија. Во летото 1895 година, полицијата извршил претрес во Бошњакан и во куферот на еден од гостите пронашле четириаголна плоска за ракија. Полицијата се исплашила, бидејќи плоската им наликувала на бомба која можела да се наполни со експлозив, и наместо вистинскиот сопственик на куферот, кој бил отсутен, Мончев бил уапсен од полицијата. Меѓутоа успеал со парична гаранција и рушвет да издејствува свое ослободување.
На 23 февруари 1898 година (стар стил) во Цариград, Димитар Македонски бил ликвидиран од страна на Ефтим Гештаков, терорист на Организацијата. Македонски бил убиен поради натпис, насочен против Организацијата, во весникот „Новини“. По објавувањето на натписот, учителот Битраков од Охрид истакнал дека Македонски нема да остане жив. Откако веста за неговото убиство пристигнала во Солун, Иван Хаџи Николов, Дамјан Груев, Христо Батанџиев и Христо Матов кои дошол специјално од Скопје, се собрале во Бошњакан и набргу им се придружил и Васил Мончев. Иван Хаџи Николов сакал да почести коњак за убиството, меѓутоа Мончев набргу ја напуштил масата, а на Дамјан Груев му препорачал повеќе да не доаѓа во гостилницата.
На 23 јануари 1901 година (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев – Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија. Набргу истрагата и апсењата се прошириле во Солун и неговата околина. На 1 февруари 1901 година Васил, заедно со Михаил Мончев, бил уапсен. На 20 февруари 1901 година било покренато обвинението против деветнаесет прво обвинети.
Со него биле обвинети: Милан Михајлов, Кочо Георгиев, Коце Лазаров, Тодор Иванов Карапетков, Васил Мончев, Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Поп Стамат и други. Тие биле обвинетеи за државен престап во целина против Отоманската империја сакајќи:
„Да основаат самостојна македонска држава од Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот вилает или во најмала рака овие три вилаети да бидаат присоединети кон Бугарија.“
Според еден документот од англиско потекло, тие било обвинети за организирање на револуционерна сила против османската власт со цел: воспоставување во Македонија автономна власт… воспоставување на нова форма на власт (влада) во Македонија. Ова дело било казниво според членовите 56 и 58 од Османлискиот кривичен закон и според нив следувало смрта казна.
Конкретно Васил Мончев бил обвинет за вадење на тескере на име Антим Чакалов и поради посетување на неговиот Бошњакан од страна на комитетските луѓе. Меѓутоа поради недостаток на докази, судот го ослободил Васил Мончев.
Во 1906 година за време на Мацановата афера е повторно уапсен од турските власти, бидејќи неговото име се споменувало во дневникот на солунскиот учител Андреј Мацанов, но поради немање на докази е повторно пуштен на слобода.
Постепено Васил Мончев се повлекол од револуционернорто дело, но неговото место било пополнето од неговите синови Георги Мончев и Борис Мончев.
Христо Силјанов напишал за Васил Мончев:
„Васил Мончев, еден оргинален молчаливец, беше сопственик на гостилница и хотелот Бошњак ан кој подоцна стана собиралиште на сите револуционери од Солун и од провинцијата и одигра историска улога како конспиративно гнездо. Вечно баран и вознемируван од Турците, Васил умееше да се справи со нив, останувајќи секогаш спокоен. Тој загина од раката на денешните владетели на Солун, Грците. Неговиот помал син, Георгеи, многу бујно и развиено момче загина како четник.“
Во текот на Втората балканска војна е уапсен од страна на новите грчките власти во Солун и во ноември 1913 година е убиен на островот Трикери.
Коментирај