Црква „Успение на Пресвета Богородица“, село Канатларци
Црквата Успение на Пресвета Богородица започната е да се гради во 2018 година, кога се осветени и темелите. Со оглед на фактот дека првите православни македонски семејства во Канатларци се населиле во 1955/56 година, доаѓаме до заклучок дека ова е прва православна црква во ова село.
Црквата претставува еднокорабна градба, со централна купола и апсида на источната страна, расчленета на пет слепи ниши. Пред црквата, на влезот, има доградено отворен трем.
Иницијативата за градба е започната поодамна, а темелите за црквата се осветени на 13.06.2018 година од Митрополитот Петар, во близина на единствените православни гробишта во селото. Први донатори и членови на иницијативниот одбор се Зоран и Трене Тренески, кои раководат со процесот и интензитетот на градбата.
Во дворот на црквата е предвидена градба камбанарија на североисточниот дел од црквата.
На јужната страна во дворот се наоѓа новата трпезарија, чии темели се осветени во 2018 година.
Коментирај