Ангро манифактура „Зојчевић и Долговац“ - Прилеп

Регистар на трговски фактури и белешки на Ангро „Зојчевић и Долговац“ 1927/39 година

Регистар на трговски фактури и белешки на Ангро манифактура „Зојчевић и Долговац“ 1927/39 година

Во оваа галерија се претставени трговските фактури и белешки на прилепската Ангро манифактура „Зојчевић и Долговац“ (подоцна „Илија Петровић и синови“), која се занимавала со увоз и продажба на големо и мало на штоф и рачни изработки од платно.
Од достапната документација можеме да видеме дека Ангро манифактурата „Зојчевић и Долговац“ одржувале трговски врски со трговци и производители од Грција, Италија, Англија, Германија, Холандија, Србија, Хрватска, Словенија и др.

Своите порачки најчесто ги правеле преку трговски посредници, најчесто Евреи и Грци од Солун и Битола кои биле искусни трговци особено во манифактурата и текстилната обработка на луксузни платна.
Плаќањето за купената стока се вршело преку некоја од странските филијали во Прилеп и Битола или преку поштата а стоката ја добивале по железницата и поштата, но главен проблем на ваков тип на порачка биле променливите цени на производите и транспортот кои варирале поради недостигот на суровини.

По завршувањето на Втората светска војна доаѓа брзиот раст на индустристкото производство и увозот на стоки за широка потрошувачка, се развива и модернизира трговската мрежа, се шират складишните и продажни капацитети и е воведен современ тип на продажба во специјализирани продавници, што има погубно влијание за ситните и независни трговци.


Голема благодарност до Горан Р. за отстапениот материјал…

Нема Коментари

Коментирај