9то Септемвриските награди(подоцна Трето Ноемвриски награди) на градот Прилеп се востановени со решение на свечената седница на одборот на Општинското собрание на 9 септември 1960 година. Во решението, во врска со основањето на фондот „деветти септември“ образложено е дека секоја година, во чест на Денот на ослободувањето на град Прилеп, ќе се доделуваат награди за извонредни постигнувања во областа на политичко-економскиот, културно-просветниот и историскиот развиток на градот, со цел да се стимулираат иницијативите на овој план.
Првите награди доделени се 1960 година.
1960 година:
Ордан Петлевски, академски сликар, за извонредни постигнувања во областа на ликовната уметност, инспирирана од животот на нашиот град и неговото поднебје.
Благоја Дамески, режисер во Народниот театар, за успешна постановка на пиесата „Лисицата и грозјето“.
Јосиф Мицковски, инженер-агроном, за успешна примена на хемискиот препарат „Вапам“ во заштитата на тутунската култура од болести и вошки.
Бошко Бабиќ, директор на Народниот Музеј, за вложените усилби околу откривањето и запознавањето на нашата јавност со Старословенската населба во Варош.
1961 година:
Богдан Богдановиќ, архитект, автор на монументалниот споменик „Могила на Непобедените“, сместен во Паркот на Револуцијата.
1962 година:
Ѓорѓи Ачески, ликовен уметник, за долгогодишна работа на ликовното обликување на мотивите од старата
архитектура на градот.
Ѓоре Напески, главен уредник на списанието „Стремеж”, за соработка и уредување на оваа публикација.
д-р Милан Гаврилов за постигнатите резултати во сузбивање на туберкулозата во подрачјето на Општината и за неговата ангажираност во работата на Градското одделение и Антитуберкулозниот диспанзер.
Димче Тодоровски, за извонредна и самопрегорна општествено-политичка активност.
1963 година:
Димче Тодоровски, скулптор, за учество во вајарскиот симпозиум „Мермер“ со делото “Оро”.
Ѓорѓи Чорнакав, хемиски техничар во Фабриката за термоизолациони материјали „Партизан“ за усвојување на технологијата на новиот производ лесен шамот, лесен бетон.
1964 година:
Блаже Конески, писател, за поемата „Сончева колона“ претставувајќи најадекватен поетски израз на борбата на нашиот народ против фашистичкиот окупатор.
Стеван Талески, работник во Тутунскиот комбинат за конструирање на машина за нижење на тутун, која придонесувава во механизацијата на обработката на оваа култура, создавајќи можности за поголема продуктивност, економичност и рентабилност.
Александар Смугрески, просветен работник за извонредно залагање како општественик.
Коментирај