Решението со кое Талески е назначен за архивист во 1952 година.

Тодор Талески

Тодор Талески бил прв в.д. директор, директор и помошник-директор на Државниот Архив на Македонија.

Роден е во Прилеп на 5 февруари 1927 година во средноимотно семејство. Гимназија завршил во Прилеп, а потоа работел во Отсекот за внатрешни работи при Градскиот народен одбор во Прилеп. Во 1950 година го завршил курсот за архивисти во Дубровник.

Тодор е првиот основоположник на ДАРМ и осмислувач на процесот на систематско евидентирање, преземање, средување, обработување, конзервирање, чување и објавување на архивска граѓа. Тодор е и првиот главен уредник на списанието „Македонски архивист“, кое излегувало од 1972-1991 година.

Нема Коментари

Коментирај