Тодор Николов Попадамов познат и под псевдонимите Кирил Христов и Страхил, е македонски револуционер и учител, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, член на Прилепскиот околиски револуционерен комитет, доброволец во Македонско-одринската доброволна чета за време на Балканската војна.
Тодор е роден во 1883 година во Прилеп. Завршил педагошко училиште во Скопје. Учителствувал во селото Негован, во Прилеп и на други места. Како учител во Прилеп се зачленил во ВМОРО и од 1905 година станува член на Прилепскиот околиски револуционерен комитет. Учествувал во редакцијата на револуционерниот весник „Шило“. Раководел и со револуционерната група во Солун. За време на обезоружителната акција на младотурците во 1911 година бил заробен и измачуван. Учествувал во Балканската војна како доброволец во Македонско-одринската доброволна чета. Во 1926 година бил раковидител на Разузнавачката организација на ВМРО за Прилепската околија.
Потоа се населил во Бугарија и соработувал во списанието „Илустрација Илинден“. В статията си „Прилеп в революционните борби“ пише:
Во 1941 година, како претседател на Прилепското братство, го потпишал Повикот за присоединување на Вардарска Македонија кон Бугарија. Умрел во 1960 година во Софија.
Коментирај