Стр. 1

Таинствениот витез и Крал Марко

„Таинствениот витез и Крал Марко“ бр. 54 од 1966 година е стрип на Петар Радичевиќ во издание на стрип-ревијата „Никад робом“, во која се објавувани стрипови за југословенските херои од поблиското и подалечното минато.

Ревијата била во редакција на „Дечје новине“ од Горни Милановац, а првиот стрип е издаден во 1963 година. Стрип-ревијата „Никад робом“ излегувала се до број 595, издаден во 1977 година, кога прераснува во едицијата „Курир“, која излегувала до есента 1979 година.

До 1970 година, покрај стриповите со партизанска тематика, во ревијата се појавуваат и стрипови со херои од подалечното минато, меѓу кои ги има и нашите: Хацон, Пребонд, свети Климент Охридски, Цар Самоил, Јован Владислав, Гаврил Радомир, Ѓорѓи Војтех, Добромир Хрс, Стрез и Карпош цртани од Ташковски и Топуз, a потоа излегувале од печат стрипови само со партизанските стрип јунаци Мирко и Славко, по кои во 1973 година е снимен и филм.

Стриповите од оваа едиција во своите најдобри години од своето постоење постигнале тираж од неверојатни 200 000 примероци.

П.С. Клик на горниот десен агол за подобра резолуција.

Нема Коментари

Коментирај