ТАЧКО ЛОКВЕНЕЦ
Член на УО на ФК „Победа“ во 1971 година
Активен член на УО на клубот. Вложи напори за најдување на соодветни поволни решенија за некои потешкотии во работењето на клубот. Надвор од Управата и клубот, почитувајќи ја новинарската етика, непристрасно и објективно ја известуваше јавноста за животот, постоењето, работата, проблемите и нормалните пропусти што се јавуваа при работењето.
На тој начин, практично, го зголемуваше својот удел во програмската долгорочна ориентација на Клубот.
Извадок од публикацијата „30 години Гоце Делчев – Победа“
Коментирај