Прилепско невестинско венче од почетокот на минатиот век...

Свадби

Свадби

На почетокот од ХХ век Прилеп бил еден од многуте градови во Македонија каде што на специфичен начин луѓето се женеле и мажеле: Тогаш во мода било помеѓу идните младенци да посредува некој стројник.

Стројниците најчесто биле постари мажи и жени и по обичај морале да имаат „Мед во устата“ т.е зборовите да му бидат благи и убедливи. Една од најпознатите стројничици во тоа време во Прилеп била некоја жена по име Надежда. Надежда штом за некого посредувала никогаш не промашувала. Се верува дека благодарение на Надежда во Прилеп се склучиле повеќе од триста бракови и сите успешни за што секогаш била богато наградувана со разни подароци.

Нема Коментари

Коментирај