Манастир „Свети Никола“, село Прилепец
Манастирот „Свети Никола“ кај село Прилепец е изграден во 1872 година.
Манастирската црква е еднокорабна, со полукружна апсида, која од надворешната страна е расчленета на шест слепи ниши. Во црквата нема живопис.
Во близина на манастирот, на 19 декември 1942 година, откако беа предадени во борба против бугарската војска и полиција, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“:
1. Киро Фетак
2. Борка Спасески – Влачарот, командир на одредот
3. Стеван Базеркоски
4. Стеван Димески
5. Димче Мирчески – Бањарот
6. Гога Јанкулоски
7. Трајче Најдески – Соколе
8. Бошко Јосифоски
9. Менде Бошкоски
Коментирај