Стровија...

Стровија

Стровија е најсеверното пелагониско село, расположено во Прилепското поле, северозападно од Прилеп, меѓу планините Даутица и Бабуна.

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, селото Строве (Strové) е посочено како село со 35 домаќинства и 153 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, селото Стровија (Стровия) имало 120 жители христијани.

Во почетокот на XX век Стровија било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Стровија имало 400 христијани егзархисти, а во селото работело и бугарско училиште.

Според пописните податоци од 1961 година, селото имало 632 жители, 1994 – 75, а според пребројувањето од 2002 година селото има 35 жители.

Нема Коментари

Коментирај