Стеван Саздоски - Кременски

Стеван Саздоски – Кременски

Стеван Саздоски – Кременски е роден во 1922 година во Прилеп, како син единец во скромното семејство на Стојан и Таса.

Работел како сезонски работник во Монополот, а потоа и во Институтот за тутун. Во 1940 година бил примен во редовите на КП. Како учесник на Илинденските демонстрации бил уапсен, поради што му бил одреден притвор од 15 денови. Но, набрзо паради партиски активности кај месноста Џумушица, повторно бил уапсен.

Во неговата куќа се состанувало најтесното раководтсво на КП за Прилеп, а за време на окупацијата кај него престојувале борците од првата партизанска чета формирана на Будимаш. Бил учесник во формирањето на партизанскиот одред „Гоце Делчев“.

Стеван бил најангажираниот курир на МК и МВШ, кој носел храна и пораки до партизаните. На 16 април 1942 година бил уапсен од бугарската полиција, при што ги издал тајните на илегалната организација. Заедно со уште 42 борци бил осуден на 15 години затвор, а казната ја издржал по затворите во Битола, Скопје и Варна.

Нема Коментари

Коментирај