Стеван Базеркоски - Лански

Стеван Базеркоски – Лански

Стеван Базеркоски – Лански е роден 1922 година во Прилеп.

Станал член на КПЈ од 1941 година. Тој е еден од првите десет прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година на Селечка планина, во месноста Будимаш, ја формираа првата партизанска чета. Стеван Базеркоски е борец на Првиот прилепски партизански одред уште од првиот ден на неговото формирање.

Тој на 11 октомври заедно со својот брат Киро Базеркоски – Коробов учествувал во формирањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени.

На 25 ноември 1941 година во судскиот процес на воениот суд во Битола, во отсуство бил осуден на 15 години строг темничен затвор за организирање на вооружен напад на 11 октомври 1941 година.

Бил вршител на должноста интендант во Вториот прилепски партизански одред „Димитар Влахов“, формиран во 1942 година.

Загинал во борба со бугарската фашистичка полиција и војска на 19 декември 1942 година во близина на манастирот кај селото Прилепец.

Нема Коментари

Коментирај