Стефанка Јосифоска (средната од трите сестри на Кузман Јосифоски-Питу), родена е во 1924 година, а од 1928 година живеела како посинета кај својата тетка во Кралево, која немала деца.
Основно училиште и Гимназија завршила во Кралево, а Електротехнички факултет во Белград. Во 1941 година се приклучила на партизанските одреди. Во 1943 година бил заробена од Гестапо и затворена во логорот Бањица, но ја избегнала смртната пресуда.
По војната, како електроинжинер, еден период работела на изградбата на Мавровските електрани, а потоа, се до пензионирањето, работела во Електростопанство во Скопје.
Почина на 19 март 2004 година.
Стефанка Јосифоска-Прохаска е првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година.
Коментирај