Спиро Тошев

Спиро Тошев

Спиро Тошев е роден на 25 декември 1887 година во Прилеп.

Спиро бил роднина на Пере Тошев. Завршил прогимназија во Прилеп и се занимавал со трговија. Се приклучил кон ВМОРО и работел како курир, а зел и активно учество во Илинденското востание.

Во 1904 година станал четник во четата на велешкиот војвода Стефан Димитров, а во 1905 година кај војводата Панчо Константинов. Од летото 1906 година бил четник, а подоцна и подвојвода во четата на Велко Попадиски. Со неговата чета участвувал во битката на Ножот во 1907 година.

За време на Балканските војни бил доброволец во Македонско-одринското ополчение, а за време на Првата светска војна служел во 11-та македонска дивизија.

По војната се населил во Софија, а подоцна, со доаѓањето на окупационите бугарски војски во Македонија, се преселил во Прилеп. Во есента 1944 година бил уапсен од Народната власт и бил затворен во Скопскиот затвор, се до 1947 година.

По неговото ослободување се вратил во Софија, каде што умрел на 22 ноември 1971 година.

2 коментари

  • Liubcho August 6, 2014

    Тоj ми е пра-пра дедо, значи язе сум македонец, нели ?

    Respond
    • PSF August 7, 2014

      Е па момче тогаш праќај слики инаку никој не би ти поверувал…

      Respond

Коментирај