Сотир Гулески (1917-1985)

Сотир Гулески

Сотир Гулески е роден во Прилеп на 14 август 1917 година во занаетчиско семејство.

Основно образование и Гимназија завршил во Прилеп,а потоа во Битола завршил Трговска академија. Најпрво се занимавал со банкарство, а потоа работел како уредник во издаваштвото на „Нова Македонија“. Пишувал воглавно проза, романи и раскази, а карактеристичен е по тоа што за своите романи, најчесто, ликовите ги зема од Прилеп и прилепската чаршија. На својот град ја посветил книгата „Меѓа“, како и романот-тетралогија – „Фурии“.

Освен со авторство, Гулески се истакнал и како преведувач. Негови најпознати преводи на македонски јазик се: „Коштана“ од Борисав Станковиќ, „Курлани“ од Мирко Божиќ, како и трите книги на Зенон Косидовски „Библиски легенди“, „Кога сонцето беше бог“ и „Сказанијата на Евангелистите“.

Добитник е на многу награди во рамките на Југославија.

Сотир Гулески почина во Охрид во 1985 година.

Библиографија:

Меѓа (роман, 1959),
Прекршен ‘рбет (роман, 1960),
Фурии 1 (роман, 1962),
Фурии 2 (роман, 1972),
Висорамнина на ровјите (разкази, 1975),
Фурии 3 (роман, 1977),
Фурии 4 (роман, 1979),
Им се суди на дивите ветришта (роман, 1982),
Распаќа на шест утоки (разкази, 1985).

Нема Коментари

Коментирај