Виолинистката Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп.
Mузичкото образование го започнува на 6 годишна возраст во родниот град. Средно музичко образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. Дипломира на ФМУ во Скопје со највисока оценка CUM LAUDE во класата на проф. Олег Кондратенко. Потоа своето образование го продолжува како студент на Кралскиот колеџ за музика „Queen Sofia” во Мадрид во класата на светски познато име проф. Захар Брон. Учесник и добитник на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Реализира многубројни рецитали и настапи со оркестар во Македонија и надвор. Младата виолинистка Софија Никоска ја вбројуваат во една од најдобрите виолинисти во Македонија и пошироко.
Коментирај