Слободан Николоски

Слободан Николоски

Слободан Николоски е брат на прочуениот прилепски музичар и композитор – Властимир. Роден е на 14 јули 1924 година во Прилеп, каде што се стекнал со основно и гимназиско образование. Во Скопје апсолвирал на Филозофскиот факултет, група книжевност. Долги години работел како музички уредник во Радио Скопје, каде што, за потребите на разни ансамбли, пишувал оркестарски аранжмани.

За разлика од својот брат Властимир, кој целосно се посветил на класичната музика, Слободан бил самоук во композицијата, и својата музичка наклонетост ја исполнувал кон забавната музика. Изникнат од семејство, во кое музиката и песните претставувале составен дел на секојдневниот живот, по углед на своите татко и брат, Слободан барал инспирација во извонредно богатиот музички фолклор, чии основи ги користел за забавни композиции. Пишувани во форма на популарни шлагери, овие композиции носат елементи од фолклорот. Во овој жанр, посебно се истакнува композицијата „Село мое“.

Дела: Песни – „Село мое“, „Охрид“, „Скопје“, „Љубов како река“.

Автор е и на аранжамни на разни оркестарски состави.

Нема Коментари

Коментирај