Сливје е село во општина Долнени. Расположено е во Прилепското поле, северозападно од градот Прилеп.
Во XIX век Сливје било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Сливие (Slivié) е посочено како село со 18 домаќинства и 85 жители христијани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Сливје е населено од 82 жители христијани и 14 Роми.
Во почетокот на ХХ век целото население од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Сливје имало 56 егзархисти.
Според пописот од 2002 година, Сливје има 35 жители Македонци.
Коментирај