Прва светска војна: „Македонец со магариња“ - Дрвар од прилепско

Шумарство

ШУМАРСТВО

На 1 април 1930 година, со Законот за Банска управа, била создадена посебна надзорна служба на државната шумарска управа, а во 1937 година е формирана шумарска управа, која го контролирала стопанисувањето на државните шуми, но овие служби не го контролирале сечењето на шумите во приватна сопственост.

По ослободувањето е донесен нов закон за ограничување на дрварењето. Преку овој закон започнало и уништувањето на козите, со што се намалиле условите за егзистенција во планинските села. Тоа довело до масевно иселување на населението од селото во градот, при што некои села како Присад, Дабница, Крстец и др. потполно се раселиле.

Шумскиот комплекс во прилепско го сочинуваат: Витолишките шуми, Царевиќ, Гостиражни и потесниот дел околу градот со вкупна површина од 15.640 хектари од кои 3.502 хектари се високи шуми, 12.138 хектари ниски шуми и 5.491 хектари се шикари. Според застапеноста на шумска површина, четинарите заземаат 10%, додека 90 % му припаѓаат на листопадните дрвја. Од четинарите застапен е црниот бор, а од листопадните дрвја се застапени дабот и буката.

Во 1952 година е забележано дека се пошумени 50 хектари шуми.
Во периодот од 1954/55 година пошумени се 66 хектари шуми а со изградба на шумски пат во Мариово е овозможена експлоатација на годишно ниво од 3.690 м2 дрвена маса.
Во 1979 година од експлоатацијата на шумите од прилепската општина, вкупно е добиено 24.000 м2 дрвена маса, додека годишниот природен прираст е проценет на 38.900 м2.

Нема Коментари

Коментирај