Богдан Шиндилоски – Данчо е роден во 1918 година во Прилеп. Целиот свој живот и го посветил на музиката, како композитор, диригент, свирач, наставник по музика и организатор на музичкиот живот во Прилеп.
На 15 декември 1944 година бил поставен за наставник по музика во Прилеп. Веднаш формирал градски, гимназиски и пионерски хор со кои диригирал и настапува по сите манифестации, фестивали, натпревари и самостојни концерти во Републиката и надвор од неа.
Богдан Шиндилоски бил иницијатор за формирање на Музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“, на чие чело бил се до 1959 година. Во 1953 година, заедно со учениците и наставниците формирал прв симфониски оркестар во градот. Во 1959 година заминал во Скопје како наставник во гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Во Скопје станал диригент на еминентен хор и на голем мандолински оркестар.
Во својата кариера има одржано повеќе од 500 концерти, аранжирано околу 450 композиции, над 140 лични композиции за мешан и детски хор и повеќе аранжмани за мандолински оркестри.
За својата дејност има добиено поголем број на признанија, од кои се издвојуваат Орденот на трудот со златен венец и наградата „Климент Охридски“.
Nenad Markovic March 26, 2016
Почитувани,
Се обидуваме да ја најдеме старата куќа на Шиндилоски. Мојот пријател Александар е внук на овој голем човек. Во Прилеп не можевме да ја најдеме локацијата. Дали можете да ни помогнете со било каква информација ?
Ненад, 070/627777, galicnik@gmail.com