Шериф Суљеман бил арнаут од прилепско кој работел како вооружен чувар на манастирот Трескавец но и раководел со своја вооружена група која често извршувала терористички задачи по наредба на Македонската револуционерна организација.
Шериф Суљеман со својата група одржувал соработка со војводата Петар Ацев. Поради своите врски со организацијата е уапсен од турските власти и осуден на тешка робија во подрум Кале во Бодрум, Мала Азија, од каде што е ослободен во 1908 година за време на Хуриетот.
Се претпоставува дека на 29 јули 1910 година Шериф Суљеман на патот од Прилеп за Небрегово, го убива србоманскиот војвода Григор Соколов, како одмазда за убиството на војводата Ѓорѓи Ацев.
Во Првата светска војна со вооружена група е активен во Прилепско.
Коментирај