Шахот во Прилеп
Јордан Марчески-Талјано бил еден од најдобрите шахисти од Прилеп. Иако бербер по професија, тој бил голем ентузијаст и еден од ретките кој придавал големо значење на теоријата на шахот. Својата прва шаховска табла ја донесол од Сараево и со Киро Трпче-Златарот играл шах на слепо (завртен со грбот).
Градската шаховска екипа на екипно првенство во Македонија ја сочинувале: Александар Тодороски, Атанас Дулев, Митре Џајкоски и Миле Богески.
Во 1975 година, во Прилеп, во Универзалната сала гостувал светскиот првак во шах Анатолиј Карпов. Одиграл симултанка на 22 табли со најдобрите шахисти од Прилеп. Победил со резултат 19,5:2,5.
Во 1978 година нашите сограѓани Звонко Станојоски, Горан Тодороски, Жарко Бошкоски и Звонко Хаџи-Попоски станале Југословенски шампиони во шах во пионерска конкуренција.
Коментирај