Ристо Лозаноски

Ристо Лозаноски

Ристо Лозаноски е роден во 1923 година во селото Горно Илино, Кичевско.

Тој бил еден од најталентираните ученици во последната група, што Велебит Рендиќ ги открил меѓу учениците во Прилепската гимназија. Дипломирал во 1951 година на Академијата за ликовни уметности во Белград, во класата на професорот Недељко Гвозденовиќ. Во Прилеп работел како професор во Гимназијата, а подоцна и како раководител на Народниот театар.

Учествувал во создавањето на списанието „Стремеж“.

Заедно со професор Бошко Бабиќ во Прилеп формирале ликовна колонија, која е најстарата колонија во Југоисточна Европа. Во Скопје раководел со ликовниот сектор во Работничкиот дом – Универзитет. Во рамките на Културно-информативниот центар формирал клуб за љубители на уметноста. Еден е од основачите на групата „Денес“ – кружок на уметници за промовирање на модерна уметност во Македонија по Втората светска војна. Бил член и на групата „Мугри“.

Во неколку наврати остварил студиски престои во Франција и Италија.

Лозаноски работел стилизирани претстави на македонскиот пејсаж со фовистичко-експресионистички ракопис.

Добитник е на многу награди и признанија.

Починал во 1965 година во Белград.

Нема Коментари

Коментирај