Ситна култна пластика од разни локалитети, изработена во бронза од римскиот период.

Римски период

Римски период…

Со појавата на Филип V и со неговите амбиции за враќање на сјајот на македонската држава, всушност почнува и нејзината деклинација. Јакнењето на Римјаните и нивната доминација на Јадранот со делови од Илирија било причина Филип V да стапи во сојуз со Картагина и да започне да освојува територии северо-западно од Македонија, односно, делови од Илирија (217 година). 

Со појавата на личноста на Филип V и со неговите амбиции за враќање на сјајот на македонската држава, всушност почнува и нејзината деклинација. Јакнењето на Римјаните и нивната доминација на Јадранот со делови од Илирија било причина Филип V да стапи во сојуз со Картагина и да започне да освојува територии северо-западно од Македонија, односно, делови од Илирија (217 година). Тоа резултирало со постепено освојување на Македонската држава од Римјаните, проследено во 3 Римско-македонски војни.

I Римско-македонска војна (215-205)
II Римско-македонска војна (200-197)
III Римско-македонска војна (171-168)

По поразот на македонската војска во битката кај Пидна во 168 година Римјаните ќе и понудат на Македонија ограничена зависност. Во следниот период Македонија била поделена на 4 мериди (области), за во 148 година да ја изгуби и делумната независност и да биде претворена во римска колонија. Во текот на следните векови, територијата на Балканот, вклучувајЌи ја тука и Македонија, доживеала неколку административни реформи, што резултирало со поделба на Македонија во IV век на две провинции: Македонија I (Macednoia Prima) со центар во Солун и Македонија II (Macedonia Secunda) со центар во Стоби. Во оваа поделба најголемиот дел од територијата на денешна Република Македонија се нашол во Македонија II.

Со зацврстување на Римската власт (I-II век н.е.) на овие простори започнува урбанизација на старите (Стоби, Лихнидос итн.) и основање на нови градови (Баргала, Скупи итн.) од страна на Италци и воени ветерани. Експлоатацијата на благородните метали и развитокот на патната мрежа (Игнатискиот пат, Вардарската магистрала и трасата Хераклеа-Стоби-Пауталија) довело до голем економски и културен подем на овие простори.

Покрај развојот на индустријата и трговијата, неизбежни биле и влијанијата во културниот и духовниот живот, за што ни сведочат остатоците од материјалната култура, која ја следиме покрај во движните археолошки наоди (стакло, керамика, метал, накит) и во остатоците од архитектурата (театри, терми, форуми, водовод, канализација, градски улици, стамбени објекти и др.). Сето ова ни е овозможено благодарение на извршените опсежни истражувања на повеќе локалитети од римскиот период во Република Македонија: Стоби-Градско, Баргала-Штип, Скупи-Скопје, Хераклеа-Битола, Лихнидос-Охрид, Стибера-Чепигово.

Локалитети од римскиот период во прилепско се: Стибера-Чепигово, Бостаниште-Алинци, Гумење-Трескавец, Ташачица и Бакалица-Варош, Градиште-Дебреште,Разбојна дупка-Алданци, Пештерица-Ореовец, Калдрма-Варош, Поткули-Варош, Задна Река-Витолиште, Трпчева Црква-Дуње, Ридот-Мажучиште и други.
_____________________________________________________________________

(Сл.2 и 3) Мермерен пограничен камен (Terminus) откриен во јануари 1918 година во околината на манастирот Свети Илија кај Мелница од учителот С. П. Стефанов, постар подофицер во 10 Родопски полк и дел од научната експедиција во Прилеп и Мариово, организирана од Бугарската академија на науките.
Овој граничен камен ги делел териториите помеѓу две области или племиња а бил поставен од центурионот на Првиот Минервиски легион (Legio I Minervia)
На него се споменува Децим Теренциј Гентијан (Decimus Terentius Gentianus) кој во 116 година заедно со Луциј Косониј Гал (Lucius Cossonius Gallus) е суфектконсул (consul suffectus) на провинцијата Македонија а од 117 до 119 година е проконсул (proconsul) и управник на провинцијата Македонија.

Нема Коментари

Коментирај