Рилево

Рилево

Рилево е сместено во Прилепското поле, северозападно од Прилеп.

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Рилово (Rilovo) е посочено како село со 37 домаќинства и 153 жители христијани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Рилево имало 444 жители христијани.

Во почетокот на XX век, Рилево било под влијание на српската патријаршија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рилево имало 336 христијани патријаршисти, а во селото работело и српско училиште.

Според пописните податоци од 1961 година, селото имало 322 жители, 1994 – 310, а според пребројувањето од 2002 година селото има 69 жители.

Во атарот на селото се наоѓа античката населба Кале, која се претпоставува дека е подигната од Филип V или Персеј. Од монетните наоди од овој локалитет најчести се монетите од македонските кралеви Филип II, Филип V и Персеј. Исто така, осамени наоди на доцноантички бронзени монети од IV век се среќаваат во месноста Дол, во непосредна близина на селото.

Во селото се наоѓа црквата „Свети Атанасиј“, која е подигната и живописана во 1627 година од мајсторот Иван од Кичево и зографот Јон од Костур. Иако сликарот Јон доаѓа од центар во кој цвета византиската и поствизантиската уметност, фреските во Рилево се со послаб кавалитет. Фигурите се со рамни тела, без снага и без хармонични пропорции.

Нема Коментари

Коментирај