РИДСКА ЖЕЛКА (TESTUDO HERMANNI)
Testudo hermanni е медитерански вид на желка кој што е ограничен главно на Балканскиот Полуостров и делумно на Апенинскиот Полуостров, вклучително Сардинија и Корзика. На територијата на Македонија, ридската желка е претставена со подвидот „Boettgeri“, кој е балкански ендемит. Таа се среќава во различни типови на хабитати, вклучително бујни ливади, култивирани подрачја, ридови обраснати со жбуње, светли шуми и т.н. Во западниот дел од дистрибутивниот ареал, таа се среќава до 600 метри надморска височина, а во југоисточниот дел на Европа до 1.500 метри надморска височина. Ридската желка е активна преку ден. Во пролет и есен таа е активна преку целиот ден, а во лето само наутро и навечер.
Ридските желки се мали и средни желки од јужна Европа. Младите животни и некои возрасни имаат привлечни карапаси со црна и жолта шема, иако сјајот може да исчезне со возраста до помалку изразена сива или жолта боја. Тие имаат малку закачени горни вилици и, како и другите желки, немаат заби, само силни, роговидни клунови.
Нивните лушпести екстремитети се сиво-кафеави, со неколку жолти обележја, а опашките на врвот носат поттик (роговиден скок). Возрасните мажјаци имаат особено долги и дебели опашки, и добро развиени мамуци, разликувајќи ги од женките.
Балканскиот подвид „Boettgeri“ е многу поголем од западниот „Hermanni“, достигнувајќи големини до 28 цм во должина. Примерок од оваа големина може да тежи 3-4 кг. Ридската желка поретко расте поголема од 18 см .
Парењето е во текот на април и мај, а јајцата се инкубираат после 2 до 3 месеци. Ридската желка хибернира на земја, во дупки со длабочина од 40-90 cm. Мажјаците стануваат полово зрели на возраст од 8 до 12 години, а женките од 11 до 13 години. До шестгодишна или осумгодишна возраст, кога тврдата лушпа станува целосно развиена, младите желки се многу ранливи на предаторите и можат да станат плен на стаорци, јазовци, страчки, лисици, дива свиња и многу други животни. Ако ги преживеат овие закани, долговечноста на желките на желките е околу 30 години.
Видот е Балкански ендемит кој е ранлив (осетлив) на исчезнување поради неговиот ограничен дистрибутивен ареал, кој покрива природни живеалишта (хабитатни типови) со дисјунктивна дистрибуција.
Изобилството на видот е варијабилно низ целата земја, со просечна густина (10- 15 единки/ha), па дури и помали густина во популации сериозно погодени од уништување на живеалиштата или со собирање за илегална трговија. Големината на националната популација се проценува на 17 000 000, што потекнува од грубата процена на приближната просечна национална густина од 10 единки на ha, со 1 700 000 ha соодветно живеалиште.
Од Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита; Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора
Коментирај