Рампо Пешков

Рампо Пешков

Харалампиј (Рампо) Спиров Пешков е македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Рампо Пешков е роден во 1877 година во Прилеп. Потакнува од богато трговско семејство, а татко му Спиро Пешков бил долгогодишен член на прилепската црковно-училишна општина. Рампо имал двајца поголеми браќа – Георги Пешков и Никола Пешков, кои, исто така, биле дејци на ВМОРО.

Рампо Пешков се присоединил кон ВМОРО речиси по неговото создавање, во 1894 година. Набргу ги соединува трговската дејност со револуционерното дело. Како терорист, во 1897 ја извршува смртната пресуда врз шпионот Ташко Филипов. Во 1899 година украл пари од Георги Богданов за целите на ВМОРО, по што бил заробен и лежел кусо време во затвор. Во 1901 година влегол во четата на Марко Лерински. Подоцна повторно бил заробен од турската власт и бил осуден на 3 години строг темничен затвор во Битола, каде што и умира.

Подоцна бил погребан од своите родители во родниот град Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај