Прилепска ракометна легенда: Петар Кузманоски - Тастата...

Ракометни легенди

Ракометни легенди

Симон Мерипушкоски-Мери (1943-1981)

Петар Кузманоски-Таста

Драган Ангелески-Грге

Тошко Арапчески-Арапче

Стеван Николоски-Селото

Миле Нешкоски

Орде Магдески

Миодраг Тасески

Ацо Николоски

Миле Нешкоски својата кариера ја започнува во втората половина на 80-тите години во подмладокот на РК „Тутунски Комбинат“. Беше дел од тимот, кој во 1991 година го освои првото место во Втората лига-Исток, но не избори прволигашки статус поради распадот на СФРЈ. По осамостојувањето на Македонија Нешкоски беше повремен репрезентативец и еден од носителите на играта на РК „Тутунски комбинат“, а одреден период и капитен на екипата.
Беше во составот на македонската репрезентација во 1992-1993 година, вклучувајќи го и историскиот прв настап на „Трофеј Карпати“ во Романија во 1993 година, а 1998/99 година играше и во Саудиска Арабија.
Во 2008 година Нешкоски заедно со Томе Петрески не дозволија да згасне машкиот ракомет по испаѓањето на екипата од Супер лигата, каде што повторно ја вратија по една сезона. Од крајот на 2009 година, по оставката на Петрески, една година беше тренер на ракометарите на Златен Даб, подоцна Прилеп 2010.
Почина од срцев удар на 7 јануари 2011 година во 41-та година од животот.
За ракометната легенда Миле Нешкоски, Општина Прилеп постхумно додели 3-то ноемвриска награда за неговите особени заслуги во спортот.

Нема Коментари

Коментирај