Првата прилепска гимназија
ГИМНАЗИСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПРИЛЕП
Уште во првата половина на 19 век во Македониja cе поjавуваат основни училишта, формирани и издржувани од црковно – училишните општини и нивните органи – училишните настоjателства. Co текот на времето, некаде побргу, некаде подоцна, cе jавува потреба oд создавање на пoвиcoк ранг на училишта од основните. Овие повисоки училиштета cе викаат класни училишта и во тоа време даваат наjвисоко образование.
Eкономскиот развоj во Македониjа, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазиjа… Тоа има одраз и врз развоjот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта нe можат да ги задоволат потребите нa граѓанството. Занаетчиството и тpгoвиjaта бараат учени луге, кои ги познаваат предметите од световен карактер.
Во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 – 1865 гoд. вo основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс нa основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe.
Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.
Подоцна класното училиште сведено е на двокласно. Учители во училиштето биле Никола Ганчев, Јосиф Ковачев и Кузман Шапкарев.
За напредокот во прилепското училиште голем придонес има штипскиот педагог, учителот Jосиф Ковачев. Toj извршил реформи во наставната програма уште во учебната 1874/75 година и предложил отворање на четврти клас.
По силните залагања на Прилепската општина, во учебната 1882/83г. машкото двокласно училиште во Прилеп, подигнато е на трикласно, a во учебната 1883/84 година решено е да се отвори четврти клac, односно да стане полнокласно.
Истовремено Прилепската општина донесува решение класното училиште да се преименува во Гимназиjа, a женското да се вика средно училиште. Отпечатени се и празни свидетелства co натпис “Прилепска Гимназиjа”. Четвртиот клас отворен е во учебната 1886/87 гoдина нo трае само една година. Прилепската Гимназиjа останува со три класа до краjот нa турската власт вo Македониjа – 1912 гoдина.
Извесно осовременување во наставата на прилепското училиште внесуваат некои завршени македонски ученици од американскиот Роберт-колеџ вo Цариград, кои стануваат учители вo Прилеп.
Училишните потреби наложуваат да ce подигне зграда за Гимназиjа вo Прилеп. Во дворот на црквата “Св. Благовештение” ставени се темелите на големата и убава зграда на Гимназиjата вo 1893 година, којa е доградена е во 1894 година.
Таа е градена од страна на граѓаните нa Прилеп, со нивна материjална и парична помош. За изградбата на гимназиската зграда, Аџи Мирче Бомбол дал 500 турски златни лири, Ице Фукара дал 300 турски златни лири, а околу 500 турски златни лири собрани се од прилепските еснафи и граѓани.
Иако оваа прва прилепска Гимназија функционира како егзархиска црковно – училишна општина, Егзархијата не успева да наметне свои луѓе за директори и учители. Целокупнота управа и материјалното работење на Гимназијата се самостојни, односно независни од Егзархијата.
Во Првата светска војна во периодот од 1915 до 1918 години згаснува работата на прилепската Гимназија, а училишната зграда пренаменета е во болничка амбуланта.
По војната во 1918 година продолжува работата на Гимназијата со истиот директор од пред војната, именувана како “Српска краљевинска гимназија”. Поради недостаток на наставен кадар, во своите училишта српските власти носат кадар од надвор, пред се од Русија, па така во во учебната 1924/25 година во прилепската Гимназија предаваат 5 наставници – Руски емигранти кои предаваат вештини и француски јазик.
Во наставната 1924/25 година во Гимназијата учат 423 ученици, а наредната 1925/26 учат вкупно 513 ученици.
Гимназијата ја врши својата дејност до 24 август 1929 година кога, со указ на кралот на СХС, Гимназијата е затворена.
Прилеп останаува без Гимназија се до 1936 година кога во градот е отворена Вишата самоуправна Гимназија (само до петти клас) која во учебната 1939/40 година станува осмокласна. Вишата самоуправна Гимназија во 1936 година сместена е во зградата на дотогашното основно училиште (денешното училиште “Кочо Рацин”) која е изградена во 1926 година.
Оваа Гимназија во Прилеп функционира до разгорувањето на Втората светска војна, поточно до 27 март 1941 година кога Министерството за образование на Кралството Југославија издава Указ за затворање на училиштата поради новонастанатите околности.
Коментирај