ПОЧЕТОКОТ…
По атентатот на Австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга, на 28 јуни 1914 година во Сараево, Австро-Унгарија побарала од Србија да покрене истрага за случајот, во која ќе учествува и таа, но Србија откажала, со што и дала на Австро-Унгарија причина повеќе за војна.
Причина за непопусливоста на Србија била поддршката од силите на Антантата, кои биле водени од нивните империјалистички аспирации, воглавно кон териториите на земјите од Централните сили, а не од солидарност кон Србија. Македонија, како јаболко на раздорот меѓу Балканските земји, не била поштедена од воените дејства, кои биле продолжение на претходните нерешени спорови во Балканските војни.
ВАЛАНДОВСКАТА АФЕРА
Македонските борци во Првата светска војна гледале нова шанса за национално обединување. На 20 март 1915 година, околу 400 четници, 600 припадници на селска милиција и една турска чета, на чело со Хусеин Хаки бег (вкупно 1.507 борци), ги нападнале трите утврдени пункта во Валандово, Пирава и Удово.
На чело на комитските чети на ВМРО се наоѓале војводите: Ване Стојанов, Петар Чаулев, Љубомир Весов, Панајот Карамфилов, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и др. По заземањето на Валандово, во вечерните часови на 2 април, вооружените чети на ВМРО, заедно со турските чети, се повлекле на бугарска територија со што бил ставен крај на оваа вооружена акција, која повеќе имала цел да предизвика вовлекување на Бугарија во војната на страната на Централните сили. Во судирот загинале 40 македонски и турски четници, од другата страна, пак, загинале 470 српски војници и офицери, а 353 војници и офицери биле заробени. Акцијата ги раздвижила српската војска, жандармеријата и четниците од паравоената организација Народна одбрана.
Тие, како одмазда за дејсвувањето на комитските и турските чети споровеле терор во источниот дел на Вардарска Македонија, при штo настрадале Валандово, Берово, Пехчево и Радовиш.
МАКЕДОНИЈА…
Бугарија, како поразена страна во Балканските војни, имала територијални претензии кон сите свои соседи, поради што била вовлечена во војната на 14 октомври 1915 година, кога и објавила војна на Србија.
Српската војска била потисната на северозапад од австро-унгарските и германските војски, а кога бугарските војски во Македонија ги зазеле главните патишта кон Југ, таа ја загубила можноста да се повлечи кон Грција. Сојузничките војски кои настапувале од Југ за да и претекнат во помош на српската армија, биле пресретнати од Втората бугарска армија и претрпувајќи големи загуби се повлекле. По совет на германските сили, поразениот непријател не бил прогонуван, така што од другата страна на границата сојузниците се вкопиле, добиле засилување, со што бил создаден Јужниот фронт (Познат и како Македонскиот или Солунскиот фронт).
Македонските добороволци масовно се вклучиле во војната, повеќето од страната на Централните сили, односно, Бугарија.
Формирана била и Македонската дивизија која броела околу 34.000 Македонци, а во која главно се бореле поранешните ополченци, емигранти и други војници мобилизирани во Македонија. Кон крајот на 1918 година, економски исцрпената Бугарија не била во можност да го издржи притисокот на Антантата на Јужниот фронт, така што постепено ги губела заземените територии во Македонија, се до нејзината капитулација на 29 септември 1918 година.
БИТКАТА НА БАБУНА, ЗАЗЕМАЊЕТО НА ПРИЛЕП И ПОТОА…
На 23 октомври 1915 година, војските од Втората армија продолжиле со борбите против српските позиции во правецот на Соничка глава – Мукос – Крстец.
На 31 октомври, 4-тиот Македонски пешадиски полк ги зазел позициите околу планината Бабуна. На 1 ноември коњичката дивизија навлегла во Прилепско поле, на 3 ноември 5-тиот Дунавски пешадиски полк започнал со офанзива кон Прилеп и на 4 ноември бил заземен превојот Плетвар, додека две дружини от 5-тиот Дунавски пешадиски полк го зазеле Прилеп. За управник на Прилеп бил распореден генерал-мајор Дионисиј Писинов со потекло од Охрид.
ПОСТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА…
Мићко April 28, 2015
Ништо не напишавте за бугарската злосторства во Прилеп за време на војната во 1916 година. По војната, беа ексхумирани 600 Прилепчани, жртви на бугарските ѕверства. Tогашниот градоначалник на Прилеп Василије Трбиќ (војвода Васил велешки) сподели околу 1.000 хектари земјиште на семејствата од жртвите на овие злосторства.