Пројче Најдоски - Сокле...

Пројче Најдоски – Сокле

Пројче Најдоски Вељанов – Сокле е роден 1919 година во село Гостиражни.

Наместо да стапи на отслужување на воениот рок во Бугарија, се приклучил кон Прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. По разбивањето на одредот за време на офанзивата на бугарската војска и полиција, Пројче најмногу му помогнал на ранетиот Владо Лапецот-Корда да заздрави, за да можат неговите соборци да го префрлат во Прилеп.

Со другите прилепски партизани заминал кај манастирот до селото Прилепец, а на 19 декември 1942 година загинал во борбата со бугарската војска и полиција.

Нема Коментари

Коментирај