Проф. д-р Виолета Пановска Бошкоска е родена во 1953 година во Прилеп. По завршувањето на гимнзиското образование, се запишува на Економскиот факултет во Прилеп, а во 1977 година се вработува како помлад асистент. На Економскиот факултет, како редовен професор, работи до 2007 година.
Во периодот од 1997-2003 година, проф. Пановска Бошкоска, ја извршува функцијата проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а во 2003 година Универзитетскиот сенат ја избира за ректор со четиригодишен мандат.
Во периодот од 2007-2015 година работи како редовен професор на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола. Во овој период, поточно во 2010 година, проф. Пановска Бошкоска е избрана за декан со четиригодишен мандат.
Нејзината трудољубивост и интересот за унапредување на високото образование, ја поттикнаа да се соочи со предизвикот за прилагодување на високото образование во Република Македонија со образовните стандарди на универзитетите во Европската Унија. За да ја оствари оваа цел, напоредно со професорската работа и менџерските функции, активно учествува во повеќе одбори, комисии и други тела на национално и меѓународно ниво. Со својата упорност, таа иницира и реализира голем број проекти финансирани од Tempus Phare програмата на ЕУ. Не може да не се акцентира и нејзиното учество на голем број меѓународни конференции, студиски престои во САД и Европа, како и учеството во проценка на вредноста на општествениот капитал и во изработката на програмите за трансформација на повеќе општествени претпријатија во Република Македонија.
Коментирај