Ѓорѓе Андрејевиќ - Кун: „Партизани“

Прилепскиот партизански одред

Формирањето на Прилепскиот партизански одред

ПРЕСТРЕЛКАТА НА РИД

Ноќта на 7 октомври 1942 година, Трајко Бошкоски – Тарцан (Илинденски) како комесар на Прилепската партизанската чета доаѓа во Прилеп во куќата на Димче Мирчески, на Рид на средба со членовите на МК, Стеван Стојаноски и Аспарух Корубиноски, кои му пренеле дека утредента, имале договорено средба со другар од ПК на КПЈ за Македонија (Лазар Колишески).
Меѓутоа, рано изутрина на 8 октомври куќата каде што биле сместени илегалците била блокирана од бугарската полиција.
За време на рацијата Аспарух, Стеван и Димче биле уапсени, а Илинденски успеал да се пробие од обрачот стрелајќи во полицајците и агентите низ уличките од Рид, и пред да биде блокиран градот од полицијата и војската, заминува кон Степанечко, во логорот на првата партизанска чета.
Слушајќи ги пукотниците на Ридот, секретарот на ПК Лазар Колишевски во придружба на Крсте Црвенкоски кои оделе на состанок во станот на Димче Мирчески, веднаш се враќаат во Вишне Маало, во станот на Борка Темелкоски –Лилјакот и уште истиот ден претпладне Лазар Колишески заминува за Скопје преку железничката станица кај Мажучиште.

По овој настан истиот ден се одржува состанок на МК и МВШ (Местен воен штаб) во куќата на Марко Ристески, без двајцата уапсени членови, и без политичкиот комесар на партизанската чета Илинденски. На овој состанок се детализира планот за формирање на одредот и за неговата прва вооружена акција.
Решено е одредот да брои 45 борци разделени на три чети, по петнаесет. Четите да дејствуваат на три страни во Прилепско: една во Мариово (да ги координира акциите со кавадаречките партизани), втора на Бабуна (да координира со велешките партизани) и третата да дејствува на секторот Брод-Кичево-Крушево.
Илија Попадинец добива задача оружјето што се наоѓало засолнето во Прилеп да го префрли во Варош.
Се направил распоред за известување на борците предвидени за во одредот, за што се задолжени Крсте Црвенкоски, Мице Димески, Блаже Спиркоски и Перо Крстески.

По завршувањето на состанокот, истиот ден напладне бугарската полиција и војска врши блокадата на градот со цел да изврши апсење на осомничени комунисти. Исто така се уапсени и сите грагани кои не биле во своите домови и оние кои немале документи за идентификација.
Во дворот на полициската управа се приведени неколку стотини граѓани, меќу кои голем број членови на КП и СКОЈ. Приведените уште во дворот се селектирани, и еден по еден се пуштени, при што на поголемиот број им им се дале белешки да можат да се движат низ блокадата, а наредниот ден се пуштени и останатите, освен Киро Гаврилоски, Панда Чесноска, Киро Стојаноски, Блаже Талески и Благоја Аризанкоски, кои се задржани.

ПРВИОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

Утрината на 9 октомври, итно е свикан МК и МВШ во домот на Марко Ристески на кој присуствувале Вера Ацева, Ордан Чопела, Ѓоре Дамески, Марко Ристески и Борка Талески.
На состанокот се донесува решение доколку не бидат ослободени уапсените, да се ангажираат нови луѓе за да се изврши предвидената вооружена акција.

Меѓутоа, уште пред пладнето почнале да се јавуваат предвидените борци за во одредот кои биле претходно затворени, поради што МВШ решава дел од предвидените борци, веднаш, еден ден порано да заминат на собирното место Црвени Стени.
На сите борци веднаш им бил даден знак за распознавање, така што оној што доаѓа од Прилеп, треба да го засвири првиот рефрен од песната „Много песен…“, од советскиот филм „Пастир Костја (Весёлые ребя́та), а врската за кон пештерата на Црвени Стени ќе одговори со вториот рефрен.

Дел од предвидените за во одредот квечерината по двајца или тројца, по различни патеки се сретнуваат на претходно договореното место во близина на Институтот за Тутун, од каде што во 20 часот, борците тргнуваат местото Дабојч.
Кај Дабојч групата ја пречекуваат Ордан Чопела и Димо Наредникот каде што најпрво на оние борци кои служеле војска им се доделува по една пушка со по 10 куршуми.
Откако групата се вооружила веднаш, предводена од Димо Наредникот продолжува за Црвени Стени каде што стигнуваат околу полноќ.
Ноќта кај Црвени Стени пристигнуваат и другите групи на борци меѓу кои биле Борка Талески и Трајко Бошкоски-Илинденски.
Наредниот ден Димо Наредникот им изведува забрзана обука за ракување со оружје на борците кои немале претходна воена обука.
На десетти вечерта е одржан состанок на МК во домот на Барко Темелкоски. Присуствувале членот на ПК Борка Талески, политичкиот комесар и заменикот на партизанската чета Трајко Бошкоски – Тарцан и Јоска Јорданоски-Сандански. На состанокот е донесено решение да се известат политичките затвореници во градскиот затвор, да бидат падготвени за излегување, Јоска Јорданоски уште од самиот состанок е упатен кон четата со задача да ја доведе на Црвени Стени, Борка Талески, Трајко Бошкоски и Ордан Чопела се враќаат во Црвени Стени а секретарот на МК и останатите членови остануваат во градот.
Утрото наредниот ден, Борка Талески и Трајко Бошкоски на дел од борците во Црвени Стени им определуваат посебни задачи.
Блаже Спиркоски и Данчо Стојчески добиваат задача да даведат дел од предвидените борци.
Данчо Стојчески ги прифатил Аспарух Јосифоски, Димче Димоски, Волче Наумчески, Мендо Бошкоски и Душко Наумоски.
Блаже Спиркоски ги прифаќа Драган Спиркоски, Милан Димоски и Душан Ристески.
Попладнето, групите се спојуваат кај Дабнички завој кон Зеленик и заедно се упатуваат кон Црвени Стени.

По постројувањето на борците, Борка Талески и Трајко Бошкоски – Тарцан предлагаат да се одреди привремен командир по што Никола Попоски едногласно е избран од сите борци.

На Црвени Стени, на 11 октомври вечерта, на зборното место на партизанскиот одред се собираат: Борка Талески, студент по медицина, Трајко Бошкоски, работник дрводелец, Мице Димески, работник дрводелец, Мице Козар, угостител, Ордан Чопела, монополски работник, Крсте Црвенкоски, студент по филозофија, Перо, Крстески, шивачки работник, Димо Димоски-Наредникот, монополски работник, Аспарух Јосифоски, работник во трговија, Блаже Спиркоски, берберски работник, Коле Чашуле, студент по медицина, Борко Јованоски, монополски работник, Душко Наумоски, матурант, Оцка Михајлоски, матурант, Волче Наумчески, работник, Киро Базеркоски, работник Димо Димоски – Екија, шивачки работник, Венда Темелкоска, монополска работничка, Драган Спиркоски, монополски работник, Благоја Јанески, монополски работник, Јонче Јанески, берберски работник, Гога Јанески, работник во трговија, Никола Попоски, книжар, Благоја Попоски, книжар, студент, Благоја Корубиноски, студент по филозофија, Борко Петрески, чевларски работник, Киро Ќосески, шивачки работник, Душан Ристески, монополски работник, Павлина Пирганоска, работничка, Пецо Стојаноски, монополски работник, Гиго Менкароски, берберски работник, Даница Оровчанец, тутунска работничка, Милан Димоски, монополски работник, Орде Паноски, чевларски работник, Трајко Конески-Снагата, шивачки работник, Васка Крстеска, монополска работничка, Данчо Стојчески матурант и Менде Бошкоски, шивачки работник.

Дента Јоска Орданоски пристигнал во логорот на четата над Степанци и откако им ја објаснил задачата на борците, веднаш, со засилен марш, преку ден се упатуваат кон Црвени Стени, но за 30 минути не упеваат да стигнат во планираното време, поради што првата чета не била вклучена во борбените акции во Прилеп.

ПОСТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА…

Нема Коментари

Коментирај