Прилепски фудбалски легенди: Ристо Глигороски
„Далечната 1970 година Победа договарала историски трансфер со најбараниот напаѓач во тоа време, охриѓанецот Ристо Глигороски. Биле заинтерсирани „Вардар“ и белградски „Партизан“. Прилепчани биле најупорни и најитри. Го криеле младото, 19 годишно момче до крајот на преодниот рок. Се зборува дека Глигороски повеќе денови претстојувал во планинарски дом.
На крајот од преодниот рок, Благоја Миноски, претседателот на Победа, го потпишал осумгодишниот договор. На „Партизан“ му преостанало да го земе на турнеја Глигороски во Јужна Америка, каде постигнал гол за придонес кон првото место на Панамериканскиот куп.
Глигороски се изнадава голови за Победа и беше на четврто место од сите стрелци во историјата, кои настапувале во вторите југословенски лиги. По матичниот „Косел“, „Охрид“ и „Караорман“, за Победа играше од 1970-1978 и од 1980-1987 година. Две години беше во Вардар, каде се памети прволигашкиот хет-трик токму против белградски „Партизан“ за победа од 5:0“.
Коментирај