Гимназијата „Мирче Ацев“.

Прилепската гимназија

Прилепската гимназија

ГИМНАЗИСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПРИЛЕП

Уште во првата половина на 19 век во Македониja cе поjавуваат основни училишта, формирани и издржувани од црковно – училишните општини и нивните органи – училишните настоjателства. Co текот на времето, некаде побргу, некаде подоцна, cе jавува потреба oд создавање на пoвиcoк ранг на училишта од основните. Овие повисоки училиштета cе викаат класни училишта и во тоа време даваат наjвисоко образование.

Eкономскиот развоj во Македониjа, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазиjа… Тоа има одраз и врз развоjот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта нe можат да ги задоволат потребите нa граѓанството. Занаетчиството и тpгoвиjaта бараат учени луге, кои ги познаваат предметите од световен карактер.

Во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 – 1865 гoд. вo основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс нa основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe.

Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.

Подоцна класното училиште сведено е на двокласно. Учители во училиштето биле Никола Ганчев, Јосиф Ковачев и Кузман Шапкарев.

За напредокот во прилепското училиште голем придонес има штипскиот педагог, учителот Jосиф Ковачев. Toj извршил реформи во наставната програма уште во учебната 1874/75 година и предложил отворање на четврти клас.

По силните залагања на Прилепската општина, во учебната 1882/83г. машкото двокласно училиште во Прилеп, подигнато е на трикласно, a во учебната 1883/84 година решено е да се отвори четврти клac, односно да стане полнокласно.

Истовремено Прилепската општина донесува решение класното училиште да се преименува во Гимназиjа, a женското да се вика средно училиште. Отпечатени се и празни свидетелства co натпис “Прилепска Гимназиjа”. Четвртиот клас отворен е во учебната 1886/87 гoдина нo трае само една година. Прилепската Гимназиjа останува со три класа до краjот нa турската власт вo Македониjа – 1912 гoдина.

Извесно осовременување во наставата на прилепското училиште внесуваат некои завршени македонски ученици од американскиот Роберт-колеџ вo Цариград, кои стануваат учители вo Прилеп.

Училишните потреби наложуваат да ce подигне зграда за Гимназиjа вo Прилеп. Во дворот на црквата “Св. Благовештение” ставени се темелите на големата и убава зграда на Гимназиjата вo 1893 година, којa е доградена е во 1894 година.
Таа е градена од страна на граѓаните нa Прилеп, со нивна материjална и парична помош. За изградбата на гимназиската зграда, Аџи Мирче Бомбол дал 500 турски златни лири, Ице Фукара дал 300 турски златни лири, а околу 500 турски златни лири собрани се од прилепските еснафи и граѓани.

Иако оваа прва прилепска Гимназија функционира како егзархиска црковно – училишна општина, Егзархијата не успева да наметне свои луѓе за директори и учители. Целокупнота управа и материјалното работење на Гимназијата се самостојни, односно независни од Егзархијата.

Во Првата светска војна во периодот од 1915 до 1918 години згаснува работата на прилепската Гимназија, а училишната зграда пренаменета е во болничка амбуланта.

По војната во 1918 година продолжува работата на Гимназијата со истиот директор од пред војната, именувана како “Српска краљевинска гимназија”. Поради недостаток на наставен кадар, во своите училишта српските власти носат кадар од надвор, пред се од Русија, па така во во учебната 1924/25 година во прилепската Гимназија предаваат 5 наставници – Руски емигранти кои предаваат вештини и француски јазик.
Во наставната 1924/25 година во Гимназијата учат 423 ученици, а наредната 1925/26 учат вкупно 513 ученици.

Гимназијата ја врши својата дејност до 24 август 1929 година кога, со указ на кралот на СХС, Гимназијата е затворена.

Прилеп останува без Гимназија се до 1936 година кога во градот е отворена Вишата самоуправна Гимназија (само до петти клас) која во учебната 1939/40 година станува осмокласна. Вишата самоуправна Гимназија во 1936 година сместена е во зградата на дотогашното основно училиште (денешното училиште “Кочо Рацин”) која е изградена во 1926 година.
Оваа Гимназија во Прилеп функционира до разгорувањето на Втората светска војна, поточно до 27 март 1941 година кога Министерството за образование на Кралството Југославија издава Указ за затворање на училиштата поради новонастанатите околности.

Пролетта 1941 година, се разгорува Втората светска војна и на македонските простори. Во Прилеп доаѓа бугарска војска и административен апарат. Новата власт, ја продолжува работата на прилепската Гимназија. Од пролетта 1941 до пролетта 1944 година во Прилеп функционирала Прилепската гимназија под бугарска управа.

Од наредната учебна година Гимназијата го добива новото име „Цар Самуил“. Таа година во прилепската Гимназија учат 386 ученици, наставата ја изведуваат повеќе наставници главно дојдени од Бугарија, од предметите најмногу се изучува „Б’лгарознание“ и „Национална историа“ а часовите започнуваат со нова „Молитва за Б’лгариа“.

На крајот на годината гимназиската библиотеката е комплетно преуредена и збогатена со голем фонд на книги на бугарски јазик.

Учебната 1943/44 година е последна учебна година под бугарска власт. Истата е нерегуларна затоа што наставата во второто полугодие се изведува со само неколку ученици во класовите. Запишани се 408 ученици, но пролетта 1944 год. во секој клас на училиште одат едвај по 5 – 6 ученици. Многу наставници отсуствуваат од работа подолг период, а поради бомбардирањата на Бугарија од страна на Сојузницте и напредувањето на Црвената армија кон границите на Бугарија, сите училишта во Македонија оставени се без инструкции за работа од бугарската Влада и без никаква контрола на државата врз училиштата. Голем дел од гимназијалците се вклучија во партизанските народноослободителни единици.

ИСТОРИЈАТ НА ГИМНАЗИЈАТА „МИРЧЕ АЦЕВ“

Во учебната 1953/54 година настанале нови организационо-структурални промени во гимназијата, така што останале само вишите класови, а нижите и прогимназиите се слеани во основните осумгодишни училишта. Името Виша Гимназија го носела до учебната 1957/58 година, за потоа да стане 4 класно училиште за општо образование – Гимназија.

Во 1959 година било извршено измена на наставните планови и програма од страна на Советот за просвета на НРМ. Со тие промени Гимназијата на младинците од 15-19 години им давала сигурни, широко стручни и научни знаења од областа на јазикот и литературата, другите општествени науки, од техниката и културата и др., со цел да ги подготви учениците со предзнаења за да можат успешно да ја следат наставата на Универзитет.

Со цел да се изврши благовремена професионална ориентација на младите луѓе-гимназијалци, била воведена нова организација во наставата, односно реформирана чеврто-класна Гимназија (I, II, III и IV клас) поделена во две насоки: општествено-јазична и природно-математичка.

Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната 1983/84 година се трансформирала во Училишен центар за општествено-техничка и медицинска насока, со 920 ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ сместеми во 29 парарелки и 58 вработени и Медицинско училиште со 350 ученици во 10 паралелки и 17 вработени. Тогаш уписот за прва година се вршел по изборна програма, според следните струки и занимања:

- просветна струка-соработник во воспитно образовна дејност,
- културолошка струка-културолошки техничар,
- математичко-информатичка струка-информатички техничар,
- градежна струка-хидроградежен техничар,
- здравствена струка-акушерка, педијатриска сестра, медицинска сестра, лаборантски техничар,
- биотехничка струка-битехничар.

Воведувањето на новиот концепт на насочено образование и неговите промени во наредните години, веројатно не ги даде очекуваните резултати, така што во 1993 година Училишниот центар за општествено-техничка и медицинска насока „Мирче Ацев“, преминува во Гимназија „Мирче Ацев“ со паралелки за општа и природно-математичка гимназија, во согласност со промената на Законот за насочено образование.

Од учебната 2001/2002 год. во Гимназија „Мирче Ацев“ се применува новиот Наставен план за гимназиско образование што е донесен на ниво на Република Македонија.

УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРИ И ОСВОЕНИ НАГРАДИ

Секоја година учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ учествуваат на многубројни регионални, државни и меѓународни натпревари од различни области и секогаш постигнуваат успеси со освоени, први, втори и трети места. Во учебната 2011/2012 година се постигнати следните успеси:

- Теодора Кочоска – III место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника” по физика и I место (златен медал) на МАКИНОВА 2012 (младинско творештво) – ментор: Ана Велјаноска;

- Андреј Богатиноски – II место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника”по астрономија – ментор: Ана Велјаноска;

- Данче Недеска – I место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника” по математика – ментор: Игор Димовски;

- Стефан Николоски – II место на државен натпревар по математика – ментор: Јорданка Чешелкоска;

- Мимоза Насеска – I место на државен натпревар по астрономија – ментор: Кирил Јосифоски;

- Михаела Ангелеска – II место на државен натпревар за млади истражувачи д Р.М организиран од “Народна техника” по хемија – ментор: Блаже Димески;

- Антониј Мијоски – I место на државен натпревар по математика – ментор: Маријана Спиркоска; – III место на државен натпревар по информатика -ментор: Анкица Стеваноска Јанческа; – III место на Македонска математичка олимпијада – ментор: Маријана Спиркоска;

- Теодора Јагуриноска – III место на натпревар за најдобар есеј – “Зошто е кул да си стар” – ментор : Ленка Јованоска;

- Мартин Николовски – I место на државен натпревар во шах организиран од Федерацијата за училишен спорт на Р.М. –ментори: Бранко Дисоски и Гоце Ѓорѓиоски;

- Ангела Стојаноска – I место во стрелаштво (државно првенство – средни училишта) –ментор: Даниел Василески;

- Мишела Димоска – I место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски;

- Маријана Димоска – II место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски;

- Марија Зероска – III место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски;

- Бојан Димески – II место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски;

- Прво место по прва на медицнската помош на државниот натпревар во Велес освои екипата во состав : Ивона Јованоска (капитен), Антонио Филипоски, Теодора Попорданоска, Јане Џумеркоски, Симона Трајческа, Марија Јованоска, Андреј Габроски и Јован Белакапоски –ментор: Гоце Ѓорѓиоски;

- Второ место на екипата во футсал на Гимназијада – Прилеп 2012 г. составен од: Јорданчо Наумоски, Лоренцо Николоски, Марко Спиркоски, Дејан Златески, Андреј Хаџи – Попоски, Бојан Стојкоски, Стефан Иваноски, Андреј Тодороски, Дарко Ѓорѓиоски, Горан Здравески. –ментор: Бранко Дисоски.

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ КОИ ПРЕДАВАЛЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА:

Пере Тошев
Даме Груев
Емануел Чучков – Директор на Гимназијата 1942-1943 год.
Круме Кепески
Димитар Стојанов – Мире
Цветан Беличански
Борис Талески
Панде Караџоска
Ѓорѓи Елим
Борис Наумоски
Рампо Ачески
Васка Илиоска
Милан Бартипан
Галина Лубјани
Гојко Друловиќ

ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ КОИ УЧЕЛЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА:

Блаже Конески
Круме Кепески
Мирче Ацев
Кузман Јосифоски – Питу
Јордан Грабулоски
Илија Милчин
Коле Чашуле
Благоја Корубин
Крсте Црвенковски
Рампо Левков – Левката
Борка Талески
Илија Николовски-Луј
Кирил Ристоски
Димитар Гешоски
Нада Гешоска- Актерка
Димитар Станкоски – Режисер
Кире Гаврилоски
Добре Јованоски
Јордан Михајлоски
Александар Ежов
Методија Симоновски
Миле Попоски
Димитар Димески
Петар Башески
Александар Ношпал
Илија Андонов Ченто
Илија Џувалековски
Марин Бабиќ
Захаринка Вртаноска
Благоја Спиркоски – Џумерко
Властимир Николоски
Кристијан Габроски – Ристо Бомбата
Роберто Беличанец
Даниел Мелвил
Горјан Петрески
Жарко Башески

Текстот е преземен од:

http://www.gimprilep.edu.mk

mk.wikipedia.org/wiki/Гимназија_„Мирче_Ацев“_-_Прилеп

Нема Коментари

Коментирај