Студентски живот…
Заминувањето на студии во друг град или држава бара адаптација на промените со кои дотогаш младиот човек не се соочил, како што е приспособување на животот без родители, независноста и големата одговорност што се очекува.
Сите овие промени можат да бидат стресни за многу студенти.
Од една страна, ова искуство може да биде возбудливо и предизвикувачко, а од друга, тешко и стресно поради одвојување од блиските личности и нешта и приспособувањето на новата средина.
Поради овие две големи промени во животот, носталгијата може да вклучи чувство на вознемиреност и тага, чувство на изолација и различност од другите и чувство на депресија со слаба мотивација за учење и воспоставување нови пријателства.
Но сепак одвојувањето од дома е и можност за напредок, стекнување нови вештини и соочување со емоциите и другите луѓе…
Во овој албум се претставени фотографии и писма од наши сограѓани на кои желбата за се стекнат со образование ги одвела подалеку од Прилеп.
_________________________________________________________________
КОРЕСПОНДЕНЦИЈА:
Загреб, 1 март 1930 година
Господину
Сотиру Спасевићу
Студент фармације
ул. Далматинска 33
Прилеп
Вардарска Бановина
Драги Сотка
Денес се научив од Бориса, да Кочо можи да се запиши во вторио семестар, али ако му је првио семестар во Белград потврден.
Во случај да се запиши тој тука, тогај мојт на крајо на вторијо семестар да држи колоквиум од предметите што се учат во првио семестар, а на есен ке колоквира за предметите на вторио семестар.
Ко се решил Кочо да ја трати архитектурата, така ми изгледа.
Та поарно нека дојди тука за да се нај добро обавести, така и Борче вели.
Другарски поздрав од Коста.
________________________________________________________________
Прилеп, 17 март 1930 година
До
Сотир Спасевић
Улица 47, Дворишна зграда, врата бр.5
Загреб
Драги Сотире
Чера ја примивме картичката и многу не израдува сите, а особено мене. Дека не ни прати одма писмо, мислевме да не имаш некоја незгода по пат. Многу се израдувавме оти сте ватиле стан пак заедно со Димча. Газдарицата, пишуваш ће ви давала и млеко на сабајле!
Многу убо ова како шчо кажуваше, си немал време да одиш да закусуваш на собајле и си остануваш готово секогаш гладен. Ко женава кај шо се храниш сега по една крава да ви даваше.
И да је по малце по скапо, ако – барем тој (станот) шо је од понапретнава…
_______________________________________________________________
23 ноември 1948 година
До Дончо Трајкоски – учител
ул „173“ бр.42
Прилеп
Мили домашни
„После на свршувајнето на часојте, решив да се јавам со неколку зборови, да ви го опишам животот, поминувајнето и сл.
Јас сум добар, немој да мислите и да берите гајле. Си поминувам одлично, стално сум со другарите: на предавање, на ручек и после вечера (во 6 час.) еден саат.
Дури тие скитат до 10 саатот ноќта, немајќи кај да одат, а в дом им е досадно и се плачат да им е ич неубаво, јас си седам дома, си читам книшки и се одмарам.
Диме Црниот досега беше на интернат, го напуштува истиот, оди во хотел да плајча скапо, шета и одвај со еден другар најдува една стаја на први спрат, плајкајки 500 динари месечно.
А пак јас го прашам и му велам да ќе седам од први таму во интернат „за поубаво“.
„Ме напрај и будала и ми рече „Сите бега од интернат а ти одиш“.
И тој почна да ми раскажува како си поминал овие дена.
Навечер ќе си појдиш и се во неред, некој ти кренал нешто од креветот, бараш и ке легниш.
Но до 12 сатот немојш да заспијаш.
Свира, вика, се прибира доцна и сл. Од сабајле се е шашардисано, гол шеташ ваму-таму дур да се измијаш и облечиш. Ноќеска си се оцкрил, никого ништо не го интересува. После цел ден шетај, кај ќе одиш, немаш ни да се расположиш и сл.
Ванчо исто ми се плачи и ми вели „Кога поминавме покрај една џупска куќа, едно станче вакво да ми да било, по захвален би бил него ли ваму“.
Во стајите биле по 12 кревети а во новиот интернат од машката гимназија ќе биделе по 14 души.
Достатично е сите по еднаш да влеза и излеза, односно да го расипа воздухот ноќеска и ти да избегаш.
Полујната од мојте другари живе кај родата каде се со многу души, оплакувајќи се од интернатот.
Па барем ќе не перат, за дрва нема да бериме гајле, му велев ја на еден стар студент кој што живееше во интернатот. Во првото време ми рече тој, ги давав кошулите да ми ги перат, но модри ми ги врајчаја, а пак во стајите оган никогаш не запалиле. Дури да се стоплиме туткај се и мрзни в кревет.
Овие работи ги слушнав од сите студенти освен за тој што го фалат за во иднина.
Студентската менза ќе биде убава, но уште по хубава рана дава од лани. Една вечер ни дават расол не потпржен, а друга кромид варен – та го реда стално. На ручек имаше добра рана. Ако можам и успем, ќе влезам во министерската менза со помош на тетка Блага…
Коментирај