1942: Поглед од Маркови кули кон Прилеп...

Прилеп низ објективот на Херберт Лист

Прилеп низ објективот на Херберт Лист

Херберт Лист (Herbert List) бил германски фотограф, кој работел за списанија, вклучувајќи ги Вог, Харперовиот Базар (Harper’s Bazaar) и Лајф (Life).

Херберт Лист е роден на 7 октомври 1903 година во трговско семејство во Хамбург,, кое се занимавало со продажба на кафе.
По завршувањето на Гимназијата, почнал да студира литература на Универзитетот во Хајделберг. Додека студирал, работел во семејната компанија, со што имал можност да оди на бизнис патувања во Гватемала, Костарика, Сан Салвадор, Бразил и Сан Франциско, каде што направил повеќе фотографии.

Од 1930 година, под влијание на на надреалистичките движења, започнал да слика портрети на пријатели и мртва природа.
Во 1936 година, поради интересот на Гестапо за неговата хомосексуалност и неговото еврејско наследство, Лист заминува во Париз. Во текот на 1937 година работел во студио во Лондон а во периодот од 1937 до 1939 година живеел во Грција.

Во 1941 година, и покрај тоа што бил делумно со еврејско потеклото,бил ангажиран во германската армија.
По завршувањето на Втората светска војна, работи за повеќе престижни модни списанија.
Умира во Минхен на 4 април 1975 година.

Нема Коментари

Коментирај