Ѓорѓија Поп Антоски

Поп-Антовци

Поп-Антовци

Постоењето на семејството Поп-Антоски датира од XV век, за што сведочат и научните истражувања на археологот Бабиќ, кој при едно ископување во црквата „Свети Арaхангел Михаил“, меѓу другото, открил и коски кои му припаѓале на предок на семејството Поп-Антоски.

Семејството Поп-Антоски во својата дејност претежно биле свештеници, од каде што доаѓа и додавката во презимето „Поп“. Семејството, во својата долга историја, имало дури 12 активни свештеници, кои преку својата црква придонесле во развојот на себесознанито, преку јазикот и писменоста на поголем дел од македонското население, како во образованието, така и во други области: трговијата и агрономијата, со кои подоцна се занимавале. Свештениците за тоа време биле високо рангирани, како меѓу населението, така и во општеството во владејачката структура, во тогашната форма на статус на „држава“, во рамките на Отоманската Империја.

Оттаму подоцна ќе произлезе и презимето по извесен поп Анто – Поп-Антоски, иако во еден период тоа било Поп-Ѕвончески, поради преубавиот глас во црковното пеење на еден од свештениците на семејството.

Родољубивиот карактер на лозата Поп-Антовци на интересен начин е потврдена во едно устно предание за Анто Поп-Антов, кое вели:
„Дедо Анто Поп-Антов, на чифлигот во Варош имал насадено поголем број лозови прачки. Вилнеењето на османлискиот поредок одело дотаму што, покрај многубројните даноци, се одземале и цели ниви, насадени со разни насади. Окото им запнало на убавото лозје на дедо Анто, па посакале да му го одземат. Тој, пак, силно емотивно врзан за истото, не сакајќи да падне во нивно поседување, мошне храбро за тоа време, целото го исекол, а од убавите лозови прачки направил плот. Поради храброста за стореното, на плотот му била препишана волшебна моќ, па од остатоците на истиот, празноверните баби и ден-денес земаат нишани, сметајќи ги за свети и со нив, наводно, лекуваат од разни болести.

Петар Попантоски во 1924 година се запишал на Вишата лозаро-овоштарско-градинарска школа при Земјоделско-Шумарскиот факултет во Прага. Школата ја завршил во 1928 година и станал прв земјоделски стручњак во Пелагонија.
Попантовци во 1924 година од Прага купиле жетварка „Clayton“ која ја употребувале на сопствениот имот во Варош каде што беле сопственици на 30 хектари обработлива земја. Во 1928 година купиле вршачка „Clayton“ која освен за свои потреби вршеле услуги и на други лица, а во 1929 година набавиле и „трактор со железни колца“.

Испратено од Анета Попантоска

Нема Коментари

Коментирај