ПЛАНИНАРСКО ДРУШТВО „ТУТУНСКИ КОМБИНАТ“ – ПРИЛЕП
На основачкото собрание одржано на 25 март 1981 година по одлука на иницијативниот одбор е формирано Планинарското друштво „Тутунски комбинат“.
ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР
1. Гокчев Тодор
2. Грданоски Милан
3. Спасески Ладе
4. Јорданоски Диме
5. Вуковиќ Жарко
6. Алексоски Бранко
7. Димески Методија
8. Илиоски Благоја
9. Станкоски Благоја
10. Петкоски Методија
ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО
1.Грданоски Милан – председавач
2. Алексоски Бранко – секретар
3. Спасески Ладе – благајник
4. Филипоска Биљана – член
5. Гокчев Тодор – член
6. Велкоски Кире – член
7. Талески Благоја – член
8. Димески Методија – член
9. Јорданоски Диме – член
10. Кочоска Даница – член
11. Костоски Димитар – член
12. Илиески Благоја – член
13. Стојаноски Ристо – член
14. Пеливаноски Даме – член
15. Вуковиќ Жарко – член
ОДБОР ЗА САМОУПРАВНА ОПШТЕСТВЕНА КОНТРОЛА
1. Станкоски Благоја – Претседател на одборот
2. Златка Спасеска – член
3. Горги Кироваков – член
4. Драгомир Михајлоски – член
5. Мирослав Петрески – член
СУД НА ЧЕСТА
1. Петкоски Методија – председател
2. Ангелески Петре – член
3. Кулески Драган – член
4. Стефаноски Будимир – член
5. Велкоски Петар – член
ЗАПИСНИК
Од одржането оснивачко собрание за формирање на планинарско друштво при Тутунски комбинат-Прилеп одржано на ден 25 март 1981 година со почеток во 15.00 часот во просториите за одржување на состаноци при административната зграда на Тутунски комбинат Прилеп.
На состанокот беа присутни 55 другари и другарки и делегатот од планинарскиот сојуз на Македонија Вуковиќ Никола. Откако беа поздравени присутните гости и делегати другарот Станкоски Благоја го предложи следниот дневен ред:
1. Избор на работно претседателство,
2. Избор на записничар и двајца заверувачи на записникот
3. Избор на кандидациона комисија која ќе предложи можни кандидати за органите на друштвото
4. Краток реферат за целите и задачите на планинарските организации и историјатот на истите во Прилеп.
Дневниот ред од присутните беше едногласно прифатени, и се помина на првата точка од дневниот ред.
Другарот Михајлоски Драгомир ги предложи следните другари за во работното претседателство:
1. Вуковиќ Жарко
2. Гокчев Тодор
3. Кочоска Даница
4. Димески Методија
Предлогот беше едногласно усвоен и се помина на втората точка од дневниот ред, избор на записничар и двајца заверувачи.
Другарот Петрески Мирослав за записничар го предложи другарот Јорданоски Диме а за заверувачи на записникот ги предложи другарките Спасеска Златка и Филипоска Биљана.
По усвојувањето на овој предлог се премина на третата точка од дневниот ред избор на кандидациона комисија.
Предлог за кандидациона комисија изнесе другарот Гокчев Тодор и ги предложи следните другари:
1. Стефаноски Јован
2. Михајлоски Драгомир
2. Спасески Ладе
Предлогот беше усвоен и кандидационата комисија се повлече.
Потоа се помина на четвртата точка од дневниот ред за целите и задачите на планинарските организации и историјатот на истите во Прилеп за што краток реферат изнесе другарот Димески Методија кој помеѓу другото рече:
“Планинарската Организација е доброволна масовна и самоуправна Општествена организација на работните луѓе и граѓани, младината и подмладокот, која дејствува во реализацијата на определени хуманитарни цели и задачи во областа на унапредувањето на здравјето и физичката култура и воспитувањето.
Таа е конституивен дел на Социјалистичкиот Сојуз на Работниот Народ, Сојузот за физичка култура и колективен член на Сојузот на Социјалистичката Младина.
Доброволно здружените Општински Планинарски Сојузи и Планинарските друштва од СР Макединија го сочинуваат Планинарскиот Сојуз на Македонија, а здружени Планинарските Сојузи од Републиките и Покраините го сочинуваат Планинарскиот Сојуз на Југославија.
Целта на Планинарската организација е:
- Да ги активира своите членови, како и сите работни луѓе, младина и граѓани за престој и снаоѓање во природа, а посебно користењето на планините за активен одмор и рекреација.
- Да ги запознава своите членови и другите работни луѓе и граѓани со природните убавини на земјата, а посебно на планините, нивните богатства и историски знаменитости.
- Кај членството, работните луѓе и граѓаните да развива љубов спрема Самоуправната Социјалистичка заедница на Народите и Народностите на Југославија.
- Да работи на запознавањето и зблужувањето на другите Народи, преку соработка со планинарски и други сродни организации, а сето во духот на хуманоста, солидарноста, рамноправноста и зачувување на мирот меѓу народите.
- Да ги негува традициите од Народно Ослободителната Борба и Револуција, посебно да ги негува и развива Братството и Единството на нашите народи и народности, Социјалистичкиот патриотизам и чувствата на заедништво и нераскинливоста на нашата Самоуправна Социјалистичка Заедница.
- Да развива чувства кај своето членство и другите работни лиѓе и граѓани за чување на природните убавини и културно историските споменици.
- Кај своите членови да ги одгледува позитивните особини, како што се: другарството, самоиницијативниста, истрајноста, издржливоста, снаодливоста, скромноста, самодисциплината и слично.
- Да го обучува членството во специјалните вештини на Планинарската организација како што се: алпинизмот, пештерништвото, службата за водичи, ориентацијата, планинската спасителна служба со прва помош и останатите знаења од Општонародната одбрана и Општествената Самозаштита, а се во интерес на одбраната на независноста и слободата на Народите и Народностите на Самоуправна Соција- листичка Југославија.
- Да соработува со Општествените органи и организации и со Југословенската Народна Армија во извршување на задачи од заеднички интерес.
- Дејствувањето на Планинарската организација во системот на одбраната и
ПОСТОТ Е ВО ОБРАБОТКА!!!
Коментирај